Тиии како си попизден, нервозен. Ар шо е работава со тебе не разбирам. Ам то не е причина вака да се исприштиш. Е како пак и ти. НСРМ е распиздена уште не напраена ебате беља, а тебе сега ти текна. Молим те немој да се насекираш толку за државава чувај ги нервите. Зш уште појќе мојш да се заебиш ако се мислиш Робин Худ дека си. Е поголемо заебвење од то да се жениш немат. Ам и јас незнаев дека ко ќе си насекиран и од секирација, разочараност за државата ти идат да прајш поголема глупост од пропаѓање на државата. Да се жениш.

И знајш шо е заебано. Еве Заев активират план Б. Си имат чоекот планој можда цела азбука. И сега замисли му опалит тој план и вторник го зејт мандатот и р`снит со работа за спас на државата. Полека полека, дур речиш оториноларингологија ја средит. Почнит во државава наша да растет ружи од секоја семка, наместо да ја шараме, цела да се обојт во розево.

Да почнат да паѓет цениве, да растет плативе. Кај да се свртиш да имат бесплатни корнишони и да мојш да земиш колку сакаш. А ти? Ти ќе си останиш женет. Ај шо ќе си женет тук кизнајт колку деца ќе имаш да немојш да им напрајш крштевка. Е како зш? Па за да ти дојт нешто да напрајш убо, весело требит ептем да си насекиран за државава. Така си идет тие пориви со чувството на загриженост па требит ептем да ја сакаш па да прајш некој себап. Кој не ја сакат НСРМ стап себап. Ар слушај ме ти мене.

А дека ќе тргнит на арно и то од утре, вторник, е доказ дека идет „Четирите мускетари“ на чело со Јонета Хан, со посебни мерки да ја спасат државава и да најдат решение за НСРМ. Е сега не знам кој план тие го имет зш Зајко ги зафати сите букви со негојте планој за спас на државава. Мислам дека останата е само буквата Ш, така Јонче со неговите комесари Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, го носит “Планот Ш“.

Но колку шо знам тој план содржит ригорозни мерки за притисок кун нашиот председател за да му го дајт мандатот на Зорана. Скоро никој незнајт шо содржит “Ш Планот“ ама протекоа некој информации покрај Галијана во Скопје, покрај скопскине говна и други ѓубрина.

Ко шо викет дел од мерките се: да му го блокирет Картун Нетворк, да му го изедет белиот дел од еуркремот зш овај не го сакал кафеавион, да му ги земат ЦД-еата со игри и музика за твист шо го користит пред странски новинари или пак да го киднапирет Боцески ко ќе дојдат странски новинари. Дури викет дека ако сето ова не успеело, ако не се најат разумен компромис, ќе му го зголемеле подрастично притисокот со то шо ќе му го скријат абакусот да немојт да пресметат колку пратеници требит да се имат за да се имат мнозиство.

А носат уште нешто не само планој. Ако го убедат председателот да го дајт мандатот, со си сите уцени на Селана кој имат 3 пратеници и Аметија 10 пратеници носит нешто за нив односно за нас како народ да не не’ клајт во трошок. Вазелин. Да да. За да не мачкет нас ко народ. А ќе донесел нешто и за Зајко и Грујо. Мислам дека ќе носел колонска од Турција да им ја матнит под нос за да можеле да се свестат двајцата и да сфатат дека заедно имет појќе од 100 пратеници и дека то е многу појќе од оние 13 шо не ни ја сакет химнава.

Едвај чекам да видам утре дал ќе е баш вака. Нестрпилв сум. Мада нестрплив сум да видам дал ќе успеет оние со протестине за укинување на притворот на Сеад Кочан. Ц ц ц ц кутриот. Замисли чоекот ќе скапат во притвор за пишливи, посрани 17 милиони еври. Оф мори мајко. Ар зш вака прајте со двојни аршини? Зш?
Санќим чоекот е тежок криминалец, бичим имат продавано марули на црно. Страшна работа. Ак продавал спанаќ 5-6 кила на улица искини го бре и нека лежит робија. Ам за 17 милиони еври??? Абе страшна работа. Јас разбирам дека се окапвит в затвор за 1 кг старо железо украдено, разбирам да имат прднато на родителска. Ам вака ?

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите