Се чудам како на никој не му текна. Како си дозволивме да се мачиме 30 години, да бидиме во заблуда 30 години за то кај лежит нашиот просперитет. Абе шо не праевме за да успејме, незнам колку вазелин се потроши, абре се раширивме ко тунелон на нoвион автопат и то без музика и ништо. Како никој од Кљусета, покојниот, до Колета пуковникот, несфати у ком грму лежи зец.

Е виде сега? Зајко сфати у ком грму лежи роџакот негов. И така е поубо. Ко шo викат Зајко. Искрено најубо. Шо потреба ние да запуквиме натаму да трошиме за бензин, па за јадење, па патарини, па ти се присрало па плаќај…..триста чуда. Мајката му е план БЕ. Како ам. Така рече Зајко. Не нејќет Европа да ојме кај неа да не примат? Ами ете , ние сами ќе се примиме и ќе ја донеси демократска Европа кај нас.

Абре то ко ќе нагрнат европјани кај нас….само како ќе се снајме? Кај ќе ги врабитиме? Ме думат и кој град ќе ни е главен? Грешка. Не нас, туку ними кој ќе име главен град. Зш ние ко ќе ја тапосаме Европа овде ни ќе сме престолнината и не болит Стојко ко до сега шо не болеше. Париз ли, Берлин ли, Рим ли, Дебрца ли …со си депонија. Во последново не вервам зш Ногачески ги отера сите та власт та опозиција во однос на компостот.

Абре тогаш имат да цутиме. Само малку ме замисли изјавата на новиот Ајнштајн во НСРМ….абре онај нагалено шо го викет Христијан Мицкоски….е де Мицко. Ме загрижи ко го изјави ова: “Со жалење можам да констатирам дека се работи за еден тежок период за Република Македонија, за што сведочат и јавувањата на граѓаните во утринските емисии“. Искрено се посрав. Како никому не му текна туку само на овај чоек со два мозоци дека по мерадовно немат ништо од коментарот во утринските емисии.

Кој ќе ти кажит по меродавно какво е економската ситуацијата во државава ако не Танас од Драчево кој по струка е пензиониран водоинсталатер? Кој подобро мојт да објаснит дека државата тонит од политички причини од Мица видивњакон? Ако некој поубо мојт да ја објаснит кражбата на народниот имот од Велета лозарон од Свирипичино кажи ми да го запослиме во владана на Зорана. Ете и завчера се јави Насте од Радишани, кој пред да ги измиет опинците објасна и на Мицка му појасни, дека државава е втурната во неповрат. И јас сега незнам Мицко шо чекат зш не ги ангажират овие утрински јавувачи кој не может да спијат зш простата им попушти и после мочање ѕвонат по телевизии и ја објасвет и решвет состојбата во нашата древна Мачедони, да бидат екпсертска влада во сенка. На крај на крајиштата тие му беа потребни да оформит мислење за состојбата во НСРМ. А Мицко? А? Ти бре многу си бил паметен? Јас мислев нешто со ушите имаш то мозок ти течел од паметност. 

А дур сфатиш колку се „какаш“ ој бар чисти градој зш викендов се чистеа градој и општини за пидигвење на свеста на народот за чиста, еколошка Македонија. Читам дека у Скупје се чистела општина центар и скролам подолу да видам зш очеквев како втора по големина општина Карпош да се чистит. Ко то нигде информација. И најдов. Мада не многу јасно ама најдов. Некој си навратил и неколку години се задржал во Општина Карпош, некој…..од Подржи Коњ или така слично не сум сигурен, толку џубре напрајл шо немало толку нити од службите нити од волонтерите за да дочистат.

Додуша и тој сакал да се вклучит во чистењето на Карпош ама не сакал да се возит со активирање на ново-старите автобуси кој ги активирал Петре зш му фалеле за градски сообраќај. Ова малку ме насекира, не ради мене туку ради Коцета Коцкана зш тој со Колета ги набави тие новите од Украина од Кина од Зимбабве од Либиска Џамахирија и сега шо ? Испадвит старите рејзој од Пенов, шо ги активира Петре дека се поубај од најновите на Коцета. Додуша од две прични правдам. Прво во старите шоферот е убо напучен, да мојш да си влезиш и чоечки да си го попљуваш ко ќе се караш за неплаќање. И второ олкав мењач имат тво гужва мојт да се најт. Мада искрено и јас би се навредил, а не Коце. Да бев на место од Коцета…..коси ќе си корнев.

Џими

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите