Ааа неее. Не ојт така ти ко шо мислиш. Ни кај бензинскана „Билјанини извори“, ни на „Седми Ноември“, ни на „Јане Сандански“, ни пред кружниот тек пред „ЕМУЦ“… абре си имат ред. Тие шо го изрендаа асфалтот, шо ги поминаја дупкине со правосмукалка и ги напраја да се превртиш во возење, а така ги остајаа, не се криви.

Е така де ко ти викам не се криви. Ар ти ме викна на ракија да ти објаснам јас или ти да ме давиш? Значи се припремија негде околу два-триесет места да се консолидират асфлатот и чекет услови. Море ојден еден, консолидација значит редење на лепешки з’ш се меки да се израмнит колку толку асфалтон. На пример да се постигнит успех на 5 врвења само 2 пати да ти се дупнит гумата и да ти се искривит бандажот.

Е да. Ко шо ти реков…. ар дај салата не ќе си пијаниме вака без салата… значи чекет услови за сето то да се асфалтират со нови лепешки. Зато пролетва не се зафаќет со работа. Ар имат таму технолози за процесот на асфалтирање. Ам сега ко ќе заврнит дожд, ама три дена пред снег, тогаш се правите услови да ги средат дупкиштата. Пак ти кизнајт шо кола имаш пак се секираш. И ти ко цела мизерна држава возиш Q7 колку да стигниш на работа.

Шооооо???? Море мафнија грчкава салата од пред мене. Не бре како сум ја мрзел туку Ники идат нејќам да ме прогласит терoриста, иредента и слично дур дојт тој. Дотогаш забрането е се шо мојт чоекон да го иритират. Не знам дал знајш ама сите во НСРМ шо се викет Грка, Гркина ги собраа и ги напикаа во притвор. Ам како.

И гаси то вентилаторот зш ми личит на знамено на вагина а то… на вергина де, па нејќам Коѕики да сфатит дека сум провокатор. Ар менви то баклавата. Каква грчка па да испаднит дека никош не стегаме таква, а сега за инат палардисвиме со благо. Абре и традицијата, историјата македонска ни налагат да јајаме турска баклава. Абе не ме дупи и ти. Не ме дупи и не ми се прај Мице шо сакат да го издупит народот џо е конструктивна опозиција. Сиромав тој санќим судоку решават се испотепа со пуста математика, а да ти кажам и чоекот на крај заслужи и нобеловва награда з’ш само кај него испадна дека 41=51=61, ако и само ако 61=0 тогаш 0=на ќор фишек. Ој Мице, кај си ти вака??? Е како кој Мице пак и ти. Во животов мој знам само за две Мициња. Глуфецот Мице и овај фотокопираниов.

А пусти Зајко труба е математика ама видиш за биологија посебно за репродукција е тата мата и го исклецка Мицета. Нееее…..не мислев така….не сексуално….туку на Зајка му клецет колената, а овај Мице вториот го натера на интерпелација и си седна на коленца, како стар дедо и Мице се….шо бе се, Зајко ГО….и то ГО како полнета пиперка.

Тука батали то. Две работи сакам да ти кажам. Турни то вратата дан поминит Ники да ме залапат та мене, та тебе. Абре како не…не глеш кај стигна во НСРМ само ги бацвит луѓево ко стрина зетот. Зајка го излигај до папукон, Димитрова …, чоеков дал се возбудвит, дал……Види можда ќе ме убедит дека е потомок од Ацета Велики з`ш ко шо велет дека Ацика наш бил….“назад назаааад Калино момеееееее….“. Не знам шо да речам.

Батали. Чешче нив нека им е убо…тук спремај униформата и да бидиме на готовс сите. Како не знајш? Ете бре Шеќерка рече дека ќе им помогниме на најголемите нафтени демократии во светот во конфликтот со Сирија. И ние сега требит да спијаме, јадиме, да се капиме во униформа, спремени да го решиме најголемиот конфликт во светот во поново време после кризата во Куба, ама не одма да тргниме. Едино ак зајебет амриве, британциве и французиве. Ние да опрајме, З`ш види…..Радето то го имат ценето и преценато то дека ние сме битен фактор во светскиот поредок за мир во светот и околината.

Арно ама полека…немат потреба од брзање. Прво требит да видиме дали САД и сојузниците можат да воспостават демократија во Сирија, а ако неможат ние настапвиме на сцена. Како прво и прво сите наши 8 војници ќе одет со „Визер’. Па таму не оставет да носиш багаж. Ќе морат да ојме само со лично оружје како нож, режало за моливи, сврдел за тапи, турпија за петици, сољ за граот и други воени и итендантски помагала та ние како НСРМ-овци да донесиме демократија во светот. Е ако горе спомнативе не успеат, ние јаваш јаваш ќе стигниме и……А до тогаш…..Путин прости ни шо ко жаба кренавме ногата да ја потковаме.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите