Петочното утро, целата држава го започна со траорната вест за изгубените млади животи. Без никакво размислување и калкулирање, за разлика од сите “фраери” кои егзистираат во политиката и од истата, се потрудив да ги контактирам сите политички партии на локално ниво, па дури и некој од локалните новинари. Имав за цел да организираме еден заеднички прес, со кој ќе упатиме една и едиствена порака, без политички поени и без шпекулации. Но, и покрај желбата на некој од младите во политичките партиии како и поддршката од страна на некој од новинарите, сите останати чекаа налог од своите шефови од горе. Мереа и премеруваа, со образложение дека нема потреба од создавање на  тензии. Веројатно само на тоа навикнале . А, кој спомна тензии? Тензиите во оваа држава никогаш и не поминале. Прашањето е дали лажниот национализам и неговото форсирање, е само  измислена форма  за да  може полесно  да се разединат  оние кои знаат да живеат сложно, и без форсирање на истиот?.

Најоголемата навреда за сите нас, се поделбите. Хипотетички, доколку ви е потребна крв, не прашувате од какво етничко потекло е истата, или пак другата крајност, која е поврзана со парите и тендерите. Околу тоа сите се сложни. Лесно се гради национализмот од врвот, без оглед на која националност припаѓаме. Меѓу народот, условно кажано, на дното од пирамидата, тој остава сериозни последици. Веќе има недоверба во националните постмодерни херојства и во новите ликови на државност, затоа што тие се  примери за потхрана  на лажаната  надеж  како и за сонување на  сонот на големите. Смртта, , љубовта и  Бог, ако сакате повеќе, сите тие се со едно и единствено значење. Еднакви и исти за сите.

Немав желба да пишувам колумна за истово, но лутината во мене овој пат победи. Првото официјално сопштение од страна на службите за неред,  пардон,  ред, го добивме после цели 15 часа, замислте во ера на експанзија на брзо патувачки вести. Иронично. Ајде, да не бидам прегруб, да прифатиме  дека не беше тотален информациски  мрак. Ова беше зора на самракот. Полошото, селедуваше подоцна. Смешни и неиздржани пресови од страна на ресорното министерство. Купување време на грбот на судска медицина, на грбот на верата, етноста па дури и купување на време со изговор за  мирен покој на загинатите. Челните луѓе во оваа држава даваа изјави кои повеќе беа изјави кои прилегаат на свештени лица. Тоа е класична злоупотреба на верата и вербата.

Нејсе. Нека се пронајде таков кој може да ме убеди дека во една нормална демократија, после убиство на петмина невини луѓе, е нормално  да  се повикува на мир и разбирање, а не на одговорност. Сакам да ги симплифицираме работите, но не со намера да ја релативизирам постоечката состојба. Потенцирам дека ова не значи непознавање на состојбите, но значи огромна желба за нормалност во ова политичко лудило. Одговорноста од службите и Владата, е нешто на што треба да се повикаме. Така функционираат зрелите демократии.  Несериозно и неодговорно  е проблемите да ги бараме на крајот од бездната,  која е преполна со доволно курбан- жртви, од различна вера и националност, кои се доволни за сто нови темели, доволни за градење на сто нови држави. За жал.

Тешко го прифаќам чувството дека претставуваме една плодна почва за раздор. Време е да ја нучиме лекцијата, да ги напуштиме предрасудите и да се обидеме во најмала рака  заеднички  да болуваме и тагуваме,  ако во овие моменти нема простор за радост. Погоденоста од вакви вести треба да биде еднаква, без оглед на тоа кој сме и каде припаѓаме. Канализираната слобода, понекогаш може да биде поопасна од која и да било форма на безредие. Таа умее  да игра со трпението и свесноста.Совеста е ралативна. Но, ако само се обидеме со еден дел од нашиот ментален капацитет, да ја согледаме фактичката реалност, растоварени од психозата која се наметнува, ќе сфатиме дека оговорноста треба да ја имаат тие кои се нафатиле да ги извршуваат функциите, за што се и платени. Високата политика, не  е за широките маси, но таа одлично ги злоупотребува истите. Но, кога сценаријата се повторуваат, во ист или изменет облик, време е сите ние да дадеме јасен сигнал дека добро сме разбрале. Понекогаш е доволно добронамерните да не прават ништо, за да може злото да владее.

За крај, овие млади луѓе ја платија најскапата цена. Семејствата ќе живеат за навек со оваа болна реалност. Секојдневното наше навраќање на овој случај значи повторно раскрвавување на нивната отворена рана. По сите настани, сите  се вративме на секојдневието, но родителите на овие деца се вратија во нивната нова  одвратна сегашност. За иднината, во оваа колумна немаше нити простор нити желба.  Остана само  надежта за расветлуање на грозоморното убиство и истерување на правдата до крај. Се надевам ќе ја има.

Дејан Блажески
Либерално Демократска Партија

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.