Катааастрофа. Резил. Уште саглам не дојдени на власт…..катастрофа. Е слушај з`ш. Абе цела година го мислев едвај го смислив а тие…..Слушај. “Воз се движит кон север со брзина од 84 km/h. Во возот си ти во купе со затворено пенџере. Од спротивен правец идат товарен воз со брзина од 79 Km/h. Во моментов се оддалечени еден од друг 12 км. Ќе се сретнат за 8 минути, а на местото кај шо ќе се сретнат пасит кафеава крава. Во моментот на средбата ти ќе прдниш и го отвораш пенџерето. За колку време ќе излезит смрдеата ако ветрот дуват од запад со брзина од 39 km/h?“

И сега ?А?А? Ти да не си немат да спиздиш. Абре не дојдени на власт новиве пиздарија ми напраја. Таман смислив прашање за екстерно, Зајко, Тунте и другарите го укинаја. Шо кој онакво не ми го кажаа ова порано да не се тртам бре да мислам, фамилија запоставив, не се туширав, нит се бричев, нит ко ќе се тотолев се бришев, само и само да имам време да го смислам прашањево, да го унапредам образованиево, овие уште не помочани, не втикачени на фотељи, рано рано го скинаа.

И сега шо да очеквам од новава влада? Подобро образование? Стап подобро. После ми ојде умов си викам дан ги менат овие и учебнициве? Не дај Боже да го сменат учебникон по Кембриџ, по биологија за 9-то одделние, е тогаш, баш тогаш ќе ваѓаме глупи кадри и килави деца. Кај мојш ти освен од некој ајштански мозок да најш инфо дека жирафата секогаш раѓат жирафа, а никогаш коњ нити пак тигар. Да, да, вака си пишит. И сега некој празен во мозокот мојт да напишит дека раѓат и кокошка и делфин или препелица. Не оти мојш да знајш. И сега шо арно да очеквам од новава влада? Шо?

Додуша читав и анкета баш за ова прашања: “Шо очеквите од новата влада?“ Искрено јас не сретнав некој асален одговор. Кој постираше на ФБ негово очекување се посра. Те повисока плата, те намалувањена даноци, те поврат на ДДВ, те поголема демократија. Абре море глуп НСРМ-овски народ со вакви желби дан сакате да ви напрајме влада од пластелин да ја моделирате вие како шо сакате, а?

Абре посакај нешто нормално. Нешто шо мојт владата да ти остварит, како една шо читав посака да си фатит дечко. Како ам. Или да фатам на лото, да не љутит ова година ајварот, да не ми се расипит расолот, да не ме болит ко ќе се депилирам, да не ми дојт дур сум пијана на журка. Така нешто, а не…

Шо? Е как да не ќе им ќутам. Све в лице бате одма плескам на почеток. Ами како. После бадијала ќе и ја “скиниш глата на мачката“. Да, да. Еве и Грујо алал да му е им плесна в очи. Дедо и` на покојната Тамара шо пукаше на Брус Ли е поттикнат од невладините организации, новинарите и од Зајко и другарите. Да, да, вака им рече.

И имат логика. За вината на невладините самото име кажвит зш имет придонесено за то. Чоекот сакал да го напрајт Тодоров од владин во невладин чоек и зато пукал пред да ја предајт функциата. Да го скинит од владата. Логички, паметно и на место расмилување на Чомбе….грешка…на Грујо. Чомбе беше од она серијана “Луд, збуњен, нормалан“.

Даље….новинариве се криви шо без разлика дали се електронски, нафтени или печатени морале да живет од маркетинг па се полнат со огласи. Е чоеков таму најде оглас за разни пиштоли и без проблем набави. Сега некој викат дека пиштолот бил гасен, со гас. Е ова незнам, гасот, како е набавен.

А пак СДСМ е крива за овај случај најмногу и директно. Имено, Тодоров како министер за здравство одма го потпишал решението за Тамара. Арно ама ти се инволвирал во поштата некој сдсм-овски поштар и намерно го чувал писмото да го закаснит, само и само цела вина да се фрлит на Кокија. Сега ти стана малку појасно? Зш види Грујо не си дозволвит тек така да излегвит на телевизија и да тресит зелени. Санќим не доветен е чоекот пак сега….

Е сега останвит да се откриет како чоекот станал терориста и проба да го извршит овај терористички атентат врз сега веќе екс министер за здравје. Според некој извори блиски на Биљана чоеков е член на ИСИС огранок кој одавна егзистират во село Каласлари Велес. Е за да не се приметит кампот Сорос финансирал да се напрајт вештачка планина како природна и макети од крави напоџо пасат тука, стада од овци напраени од кнауф и поџомски ниви со компири напраени од пластелин. Размисли малку. Излгедат ова сомнително? Секако дека не. Е сето ова го запалило чоеков за да….

Е тука те чекав. Значи испадвит и Сорос дека е крив. Тодоров никако. Можда и јас сум крив з`ш во моментот ко се деси ова јадев јетрена паштета, зденка и охридски патлиџан. Не, не вервам да е од паштетата. Ќе да е од јетрата, а з`ш верви ми појма немам. Збунет сум.

ЏИМИ

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите