„И подобро господине што не ме препознавте и не ја знаете мојата политичка припадност. Така полесно ќе Ви кажам дека многу ги ценам  Вашите колумни. Мислам дека сте објективен, задирате во специфични теми а сето тоа со мерка колку што треба и без влакна на јазикот. Но имам една замерка. На јазикот на кој го пишувате сето тоа. Не заради тоа што е  охридски, мислам дека тоа е баш симпатично,  туку некогаш уботребувате термини, фрази, зборови кој мислам дека се погруби без разлика што таа личност направила. Незнам дали се сложувате со мене?.” ( вау- ме исперсонисифицира).

Ова беше монологот на еден културен господин на една случајна средба во еден хотел, за една пригода ( вака оние од парламентон траскет ко ќе сакет да нападнет некого а не знает з,ш ) кого навистина не го препознав и до ден денес незнам кој е. Нека не ми замерит. А дали се сложвам со него? Би можел јас сето то на јазикот кој цел свет го користит.

Но незнам колкава  е разликата помеѓу: државава  ојде јабана и држава имат систем феалуре, или пак помеѓу: кој се впика на власт ја посра работата или кој се линкова на власт исфрли многу  трашој од својот рециклин бин или на пример: сметајќи не нас сите глупаци или сметајќи дека народов е емпти во рамот. Имат разлика? Мислам не. Ма како мислам…ТВРДАМ немат разлика. З,ш сепак народов  години го пучит својот уесбе порт, а овие хардвериве упорно ни го конектирет уесбе стикот и ни прает фалсе дата инсертејшн дека во држава све ни е на високо ниво. Не требит да имам кизнајт каков софтвер да кажам дека секој кој идат на власт идат под дифолт и за сите овие години мајката сексуално ни ја рефрешират повторувајќи ги операциите на инпут и аутпут. Нив ги болит скартот за то шо држава не ќе мојт ни илјада години да се апдејтират. Си напраја криминален нетворк,  кој стигна не перфорират во здрав мозок без да размислет дека дома имаме мауси шо имет потреба од перманентно ентрирање на храна во фолдерот шо им е потребна да се апградирет.

Јас дан ја шаредирав Македонија? Јас дан го данлодирав Амети од бојно поле в парламент?  Јас дан ги форматирав борцине за чоечки права? Е тие истите шо го напраја ова, педерски ни ја заразија држава со политички вируси, спамој и скрипти, така да ниеден антивирус, ниту пак спамбот помогвит да се  исклинираме и ни ојде у уесбематирину и софтверов и хардверов на целиов наш систем. И сега да ја форматираме Македонија заради нив? А? Какви зборој да употребам за луѓето кој ми го одзедоа сејв модот од први до први. На појќе од полојна милјон народ  му е одземем дескотопот и одат од контејнер во контојнер срчирет по чкембативен траш.  И дур тие срчирет  нашиве политички махери ката ден се логоофирет од границиве и сурфет со авиони по странскине држави. Тој период ни е го користиме како сиктајм за базе средства за да ја платиме струјата з,ш махериве нонстоп ја рипеарет ценава нагоре.
Какви зборој да најдам кога докажавме дека експлорерот ни е полн со емпти фолдери,а черепот со 100% фри спејс зашо останаа уште Бурунди и Боцвана да ни пратет советници за тоа како да ја средиме нашата мадаборд.

Каков јазик чоек да употребит за луѓе кои сто пати народов ги праќат во рисајкл бин, дури некош директно со шифт-дел директно ги клинирет и од централана меморија, а тие на визарден начин се андуирет во системот со помош на аплоадирање од една во друга партија. Одма станвит копмактибилен за  да ти ја напрајт римувабал душата, мозокот реврајтабал,  за да можат  одма ти прает лоулевелформат на флопиот шо ти е в банка и експресно ти ја свичирет  апградацијата.

И сега ко ќе дојш до една ваква  ситуација, колку да си расположен неминовен е интерапт со женати, настанвит аборт на сите видови на односи  така да за кратко ќе те дисконектират од модемот. После ова  нормално та ќе почнит да си барат нов сурс на задоволство, ќе си најдит нов јусер на уесбе портот, а тебе тулот ќе ти останит за мочање онли и не ти останвит ништо друго туку да се скролираш во умот. А си напрајл години, си остарел и не ти останвит време да се рестартираш з,ш мојт машината да не ти се подигнит и немат да ти помогнит ни ребутирање.

Е сега наместо јас да го ченџирам јазикот на изразвење нели е поарно визардиве да пробет да преинсталирет некој од хардверите шо ги имет во централната единица зато шо очигледно некој од тие хардвери имет конфликт со другите дивајси. З,ш шо да инсталирет овие јусери на македонскиот народ се појавува конфликт информејш боксот. А факт е дека  мене пред многу години ме сетирале на оваа мадаборд и јас друга немам. А тие и неа ми ја ринејмоваа за нивни лични таргети. И накрајот морам да бидам искрен и да кажам дека ме заболе џојстиков за стилот на кој врајтам з,ш неизбежно е дојден  зеро вејт стејт и морат да имат риспонс тајм од страна на визардиве спрема македонскиот народ кој е спремен да стегнит: цтрл-алт-дел.

ЏИМИ
[email protected]