И то не ве бендисвит? И тој грешит и лупат ко Максим по дивизија? И тој незнајт шо зборвит? И тој е политизиран? Немат шанса. Како пастор на македонското стадо, не реков јас овци, владиката Агатангел е само загрижен за битисувањето на палежниот народ на ова грутка земја наречена Македонија. Да бе….та е така наречена држава.
И з`ш да не дајт и тој предлог како да се решават кризава во НСРМ? Да бе. Прво попис. И исправно е да дајт таков предлог владика и не само да дајт туку јас сум за то МПЦ да го спроведит пописот и ај да те видам лажи дека си гремлин ко ќе те попишаат тие. Од миљарда причина то е изнадржано и требит да се напрајт.

Е ај да те видам тебе стигни до безброј рурални места шо ги имат во лидерот во регионот и пошироко и попиши ги. МПЦ имат истурени единици кој может да делувет и со џипојте да стигнет сегде. Абре новиот Мерцедес-бенц SUV 4 матик немат кај немојт да стигнит алооо. Четири инчни бандажи, коњи, без оние внатре, кизнајт колку имат. Ништо не го запират и немат да го заприт при патешествието за арно на НСРМ.

После имат други причини. Пописот ќе му помогнит на Агатангел да знајт колку македонци во моментов имат. За другите многу не му се смрдит. Ама морат да знајт колку живи македонци имат, па на колкава возраст се, кој е болен и од каква болест, за да можит чоекот да седнит да напрајт пресметка колку погреби ќе имат во НСРМ и колкава ќе е добивката. Нормално да искалкулират з`ш не само така се закопвит чоек.

Требит да се пресметет сите трошоци. Колку погреби ќе пејт бас колку баритон колку тенор. За секој глас си имат цена. Како ам. Како бре не коштало то многу? Па знајш шо значит ти да пејш цели 5 минути да вдишвиш и издишвиш честички на кислород? Па коштање е бре и самото патешествие низ гробишта.

Застани попеј тргни. Згасниго аудито бам на друг гроб. Пеј пеј, а шо е најбитно не оту те слушат некој. Плачет се мрсулает ко кизнајт кој им умрел, а то некој од фамилијата. Па и пејачот не е од мермер. Од камен е. И тој се топит. И тој ќе се расплачит, па опааа тука трошоци за палома или пак влажни марамици ако е лето.
И сега не коштало? Па пак чкрапни запали, па возииииииии 10 метра ајде пак нов гроб, нов себап, ново пеење, ново мсрулаење, влажни…..е така де. Кој ќе ти бапнит 500 кој 1000 денари ко за семки….и то се исплаќат? Зато Агатангеле терај го пописот. Ако немаш финансиски план посери му се на иднината. Па чеда наши требит да се мислит за бензин за та наша ергела на возила, за масло, за филтри. А еве кај е 15 март, ќе требит да клает летни гуми. Е сега едино ако сега брзо е пописот ќе ги остает за по калта со 4×4 да стигнат сегде рака да им бациме.

Па така бре луѓе да почниме малку со паметни, големи мисли од малите мозоци. Не само да траскаме зелени. Да се видит дека во државава имат кој мислит за доброто на македонските чеда. Да сумиме дека и паметни луѓе живеет во НСРМ, а не само просвирнати низ черепот. Еве и Али Амети ме бендиса. И тој имат акал. Не дека ние му се пучиме, не дека на све се прајме ко недоветни шо тој ќе го речит, ама сега неожам да не му вервам. Повлече потег и пол скоро два. Ќе си ги подберит сите политичари од ДУИ кои биле на функција да си проверит дали некој од нив, случајно, викам случајно, испокрадел од оваа грутка земја. Значи случајно ако му се оманало, а не дека нешто намерно краделе, учествувале во тендери местени, уценвеле некого па се збогатиле.

Ќе си проверит чоекот и ако најдит некој дека крадел. Лелелеле тешко него ако тој се осудил да крадит од груткава наша, лелелеле ако некој функционер крадел незнам как ќе излезит пред команданти Али-Поштени. Како? Не не….немат че пукам. Туку че му се јавит на команданти Процентиу и ќе средит тој све за борецов.

Е така се работит за ова парче грутка. Така се борит, така се бранит оваа грутка земја. Немат да дозволиме никој да ни ја растурит да ни ја напрајт прашина. Никому не даваме да ни ја распарчит, на никој немат да му дозволиме да ни ја серит и мочат како пес. Наша си е. Сами ќе си ја испосериме. Е сега не смејме пак ко ќе дојт пример Бејли, Могерини или некој друг, ак немат кај да одет вклозет да им забраниме да клекнет негде да се истотолет на земјава македонска. Ние сме добри домаќини.

ЏИМИ
jimmy@t-home.mk

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите