Ар истреби се мафни се шо туку ми идаш таков со чаршафиште околу дисаѓите ојден еден. Ко попален Калигула ми гледаш. Ар ој облечи се и врати се чоечки зш комшиве ќе мислет дека назадгазум јас и ти влеговме во Европа. Шо? Ар каков римјанин каков бутур глеј се на шо личиш, остај ти Зајко шо велит утре мојт да одвелит. Не требит Зајко да речит така та ние парталосани да шетаме гологази и распердашени во чмаројте. Спастри то дисаѓите прфутосани. Цел живот сме искинати бетер од порно глумицине. Само шо не ги виткаме газојве ко политичариве вистинита.

Е ја да те прашам….шо ако речит утре дек ќе сме Република Ослободена Македонија илити РОМ. Ќе шпренговаме амортизери? Ќе швајцоваме гелендери? Улав еден.
Забриши то газот пред да седниш на фотељава и дај да се зафатиме со она шо те викнав. Ајде држи некој ДУР на гитара и слушај: “Сите дригарчинааааа мамо на власт се вратијааааа, само јас и бато Салеееее среќа сме намалеееее“…..те бендисвит вака бе?А? Уште ко ќе се опнат трилери украси ова она, па тапани, па зурли, па сценски настап во македонска носија тој и брачед му тииии хит за евровизија. Она пак …“..никој ништо не ти може…“ дан е поарна?

Мада види мојме да ја разгледаме и она во форма на поезија, елегичнана, тажнана “…Кога ли кога Зоки и него ќе го втикачит во влада, кога ли неговиот сурат пак ќе го гледам на пресој, та пак да доживувам стресој. Прст море и цела рака јас за него би прекол, само и само тој думи за македонски проспретит да би рекол. Оооо Зокиии, ако си роден од мајка, во влада земи го и Коло та закачиного ко шајка“.

А? Кое те бендсивит? Само молимте ова втората ко ќе ја рецитираш ќе напрајш тажна фаца, клај љушпа од кромид под очи да мислит дек плачиш дек го сакаме. Ар сите го лажат дек го сакет ама ние ептем ќе се прајме по џо плачиме.

А ….не вервам дека немат да го зејт. Сите ги зеде во коалиција ќе го зејт и него. Само едно е заебано. Ак не` не бендисвит како работит ова владат против кого ние ќе палардисвмие, а кој ќе не терат спонтано да демонстрираме? Заебана работа. А сум и него да го начукат во владава ако не друго ко советник за кол сервис. Да пцујат по телефони.
А не. Тука не си во право. За Амди е добар и добро промислен потег. Таков човек е потребен во секоја владеачка коалиција. Пред се тој се истаквит и е потребен во фаза на студената војна со противникот. Уште Зоран да му купит залив и морковов ќе си ја терапт работата. Е ај де кажи кој имат поубав среден прст од Амдија? И то истиот му е мултифункционален. Ем ќе го креват кун непријателот на демонстрациски бариери, ем ќе го копат носот. А и копањето си е наменски. Ќе фрлат со кормушки кун денмонстрантите и ќе ги оневозможвит да викет уа влада, долу влада и друго. 

Ар види го…како не сfаќаш дека така се живејт така се успеват како Амди шо прајт. Требит од него ука да се зејт. Абе кој ти зборвите за просперитет на РИМ, така се прајт за личен просперитет. И искрено да знајш и јас сум Амди за тебе незнам. Мада мислам дека секој станивник на бивша НСРМ а сегашна РИМ е Амди. Мислам дека сите сме тиквари.
А да. И за то е во право Зајко. Да да и за Бошкоски. И то право место, советник за странски инвестиции и соработка со западот и со Америка. Посебно на чоекот сите врати му се отворени за соработка со Холандија. Ак не друго ќе донесиме цвеќиња по уба цена па да почнит да цветат и во државава наша. Остај друго…гарант чоекот имат врски за увоз на марихуана и канабис. Ќе се сториме Амстердам во големо.

Во секој ресторан табла со “забрането пушење“ , а на маса мени со сите врсти на марухана. Па после то канабис. Не бре таков канабис, медицински, туку за рекреативна употреба. Медицнискиот ќе е истиот овај шо ни фрлет прашина в очи шо е за непце за бебињава ко ќе им излегвет забчиња. А на болниве од ракој, МС, паркинс, кој ги тркалат нека си цркнат, важно ќе цркнат ко илинденци.

Туку станви да ојме в подрум да исфрлиме она транспарентите спонтанине зш ко шо влегоа сите во власта против кого ќе протесираме. Само онај остај го “За обединета Македонија“, само додај РАЗ пред она обединета Македонија.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите