Море море поганија народ. Тииии бре клето македонче. Ништо да не му се погодело. Да се барало ортома во јајцето. И шо требит и шо не требит. Абре не бадијала Аце Великион во времето рекол: “Колку рацеве шо ги гледам на газов толку арно македонциве да видат“

Еве пред некој ден му се нафрлија на Хорхета зш ошол да им честитат на првачињата, не го личело бил председател ова она. Абе Господ да чуват и да бранит. И голман да станит.  Ам чоекот ак не го прајт шо му е друго работа? Да шетат по државине, за признавање на државава? А? Кај ќе ојт таму ко немојт. А немојт зш таму имат големи чичковци кои немојт да ги разберит. Зборват многу чудно. А тој џанам не е поарен во зборвењено. А вака кај дечињава как да е, шо и да кажит и така и така не го разбирет. Можда и тој нив, ама не е битно. Зато се нервирам. Само да се џамкало. Како викет, за да функционират нештото требит на секого да му го најш местото. Ваљда на Хорхета местото му е в клупи.

Ко шо му се најде местото на Колета Тодоров. Коле сврши работа во образование сега си дојде во здравство да свиткат џам. И то заслужено дојде. И то им сметат на овај прост народ. И сега како во Европа? Како со ваков народ – никаков? Никако бре! Никако. Па ништо бре не ви се погодвит. Ништо. Шо непендеци бре ќе бевте. И кој после ќе ви е крив?  Бранче? Љубченце? Владичко? Кокица? Кој? Баба ми можда з’ш носит паре на плетенкине. А? Вие сами на себе си сметате. А не пак Коле, Хорхе….

Веќе не знајте шо да ископате, шо да нападните, шо да исплукате, шо да измислите. Све, буквално све посравте. И то не одсега. Од секош. Сега не ви чинел Коле, бил каратист, продавал кожни јакни не бил способен…..шијем ти га Џуро. Најсетне пак ќе се одморит чоекот, од ко сврши во образование, зато шо јас сум на мислење дека се е ок во медицината. Ама на кого да му кажиш? На вас. На народот? Македонскиот? Нопаци.

Тук се жалите. Се нафрливте на медицинава. Да се средела. Шо е то шо не чинит? А? Те многу пари сме давале, те немало лекој на позитивна листа те….Бре нопаци.  Слушам на улица докторите земвеле мито. Море глуп народ. Ам ај шо да земвет? Ѓоре? Пере? Ам зељкар еден,  од век и веков се земат мито. Страшна работа. Јас лично не вервам. З’ш прво и прво во вака средена медицина како кај нас не можит вакви глупости да се дешавет, а како второ и второ – трето. 

Странство дан е поарно? Стварно не плаќаш,  ама шо добиваш? Ништо.  Кај го имат бре ова? Нигде. По оние заостанатине држави ојш на инекција и ти редет тие каква сакет. И то не ја осеќаш.  Абре кај нас ќе си платам и ќе ме дупит со то шо јас сакам и како сакам. Ќе ми редит некој конци какви сакат? Не бреееее. Од дома ќе си донесам. Идат пред некој ден еден наводно го оперисале од слепо црево негде во странство. Џо…..Е ај да те видам покажи. Нигде. Ништо не се приметвит. Кого бре го дупиш, кого бре лажиш. Ни трага од секот.

После немат во Европа, ко овде да те тинтрет на прегледи. Влегвиш на преглед, докторот  ЅЕ и ајт мавни се. Пет-десет минути и чао. Абре кај нас ко ќе те пречекет ко на селска слава. Без 2-3  сати не си. За то време и нови луѓе ќе запознајш,  па со нив на буква на буква, јамб, кришмиш, ѓуздија, котката питката, фота….. Шо сакаш. Абре со разонода, дур речиш оториноларингологија, времето ајт, летна. Ам како. Во странство море ни сестри можда немет.  А кај нас. По три на едно место. Па џо пишет нешто пола сат, колку да ти попрајт муабет, да те расположет, па кај работиш, па дал работит она црнана кај вас ко вапер шо се облеквит, ал ја знајш она шо ојт на штикли ко на месни нарезак,  во кој стан се пикат она со газојне за пауза, па …..Абре  излегвиш ко нов. Гланц
Абре ми идат да си пукнам од све шо сте незадовлни.  И како мојш нашиве доктори да ги пљукаш и споредвиш со странскине. Овде бре кај нас се виртуози. Таму на една жена еден ја породвит. А кај нас  бре симултанка, Карпов, Каспаров. Дааанк, ги легвит три четири (зависит од гужвата – пазарен ден е или не е), опааааа бебињата надвор, цап кукачките, …….на едната плети, врти, прескокни, оп кај другата – плети, врти, прескокни, опа кај третата, озгора прескокни долу цап заврти, преплети…..абре долу ко ќе ги напрајт…..шо. Ко уше. Ќе ми ти остајт конци, па ојси дома, сакаш затегвиш, сакаш попушташ. Ами шо.

Џими      
[email protected]


*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите
и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.