Чекај бре дедо чекај аман и ти. Не брзајсе немат да заказниш. Чек прво колков да ти го клам па после пантолите. Кај ќе ојш без колк. Как не ти кладоја докторине пластичен со овај железниов шкрипиш по скалине сите комшии да те знает ко ќе ојш на работа, ексик. Ај сега кошулата е така, така. Ар не мафтај со левото рамо заборај дека левата рака ти ја пресекоа? Само десната рака ја редима в кошула. Како ам.

Чеј сега апаратчето да ти го клам на левото уше. Шуќур десното ти се исуши од старост вака само едно ти редам и побрзо те спремам. Еј еј еј чекај. Кај ојш без ова скаламеријава за вгрло? Како ќе зборвиш без неа? Види го….ар кај се чуло видело поштар без зборвење да носит пошта. И не туку мрчи, само мрчиш и се жалиш.

Господ здравје да и дајт на владава шо ја зголеми границава за в пензија, бар се занимаваш нешто, ти врвит денов. Ај ај тргви ќе ти поминит и коленото. Ќути во него шо имаш само три штрафој иначе стап ќе одеше. Ам ај море дедо шо да речит баба, се скина од работа и таман дојде само четири години пред пензија си умре млада на 89.

Ам ти машко си. За мажите е до 95. Ај ќе поминат уште две години дур речиш оториноларингологија и ти ќе ми доживејш. И по улица само држи лево за да мојш да гледаш со десното. Знајш дека левото пред две недели ти падна ко кивна. Ајде ајде оди, как не си се распраѓал. Терај, терај.

Е ексик ми е секое сабајле ко ќе го спремам, ама бар ко ќе го пратам на работа рајат ми е глава 12 сати. Ам толку е работното време со новиот закон за работни односи. Над 75 години работат само 12 сати. То ти идет нешто ко пола работно време. А не не. За нив е 14 сати, за помладиве. Си пишит измеѓу 65 и 75 години по 14 сати. ОД 50 до 65 скоро полно работно време 16. И така.

Дај сега фрлимија тангата да ја облечам и јас да се спремам за на работа. Како? Ти не носиш? Алооо тиквар мојш в затвор да заглавиш. Е така де. Шо мислиш ти јас зш ја носам? Абе види не дека намерно нешто ќе прам. Ама мојт да ми се десит несвесно ко шо шетам по улица да затајам данок 2-3 стотини иљади евра и без танга ојдов јабана. Како ам. Ти не знаеше за ова? Аиии ќе ојше јабана од незнаење, ќе цркнеше по занданине.

Абре да те прашам нешто јас. Си чул ти некој од ДУИ да ојт на суд, да го осудет в затвор? Е не си чул ама ниеден функционер на ДУИ од дома не мрдат без танга. Ар друга логика немат. Чим не ги судет за ништо морат да носет танги. Така си стојт во законот. Не е ненормалне шок Амети шо ги носит по два пара и ги менвит на пол ден. Секогаш да му се тазе во случај дан се менит законот за криминал.

Те црвени редит, те жолти, те со цеп напред, те со цеп назад…..Абре тој шо не и напрај на државава, ја разнебидна, македонци убиваше, крстозборки на плештине им црташе со шајки 20-ка па во владава на НСРМ си е од ко е роден и со секого. А ќе го напраеше сево ова, а да не е осуден ак не носеше танга? Стап ќе го напраеше. До ден денес со митраљез ќе шеташе по Шара како пес избркан. Како ам.

Е сега и ти. Од кај знам јас дал Грујо носит, ќе кажит времево и условните. А се думам дал Зајко носит. Додуша ко ќе размислам не вервам дека Зајко носит. Мислам дека тој носит ѕиври и то со дестина учкури. Зш дур ги облечит дур ги врзит сите учкури дур стигнит на работа ојде животот во НСРМ јабана уште недојден.

Важном, ко брат те молам, ти обавезно да нозиш танга. Молим те, за секој случај, носи танга. Биди и ти Ивона.

А незнам. Навистина незнам после работа шо ќе прам. Или ќе се женам или ќе умрам. А то зависит од мерцедесон од Колета дал ќе го шитнет. Зш ако го шитнет ќе земам К15. Е ако земам К15 ќе се женам зш ќе можам да платам венчавка со тројца попој од 7000 динари, а ако не земам можам само да си умрам. Зш то е поевтино. Само 3000-ки. Да бе да. МПЦ ( Македонците Побргу да Цркнат) ги крена цените. Да беееее!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите