“Абре дечко не  ми ја фрлај виљушката в гради непендек  еден. Келнер си или поп мајката. Нити ножот е крст нити јас сум варошанец.“     Ми залетна топлава ракија. Знајш како ме штрецна???

Е зато јас не одам да скокам по крстот. Роден сум и имам живеено во варош и ми е шубе дан ме познајт попон и дан ми го жакнит крстот в гради ко шо му прајт на сите варошани. Аџиба тој ножот не е оштар? Мојт всрце да ме погодит и ајт јабана, наместо “Во Јордание“ да ја пеам по кафани и улици, а најмалку по куќи како шо требит, ќе требит вие да питате после за пари за погреб. А од нигде никаде. Ојде да го фатит крстот и после го вратија со крст пред него. Скраја да е.

А величествено беше. Посебно фрлањето. Детето само по петти пат го фати. Попот заборај дека имат микрофон пред него и дури праша: “..кај да го фрлам…“. Не оти пустиот не знаеше дека требит на варошанец  да му го фрлит ама не го гледаше зш се сврти со тилот кон него. Ко невеста со бидер маер. Јас се посрав од радост шо си беше све регуларно. Традиција е да се фрлат крст??? Традиција е. Традиција е да го фатит варошанец??? Традиција е. Ам шо сега вакви такви мубаети.

Само да се брбало за да немојт да се израдвит чоек. Ев ко шо се израдвија професориве. До 2014 година ќе им се зголемела платата за вкупни дури 20 %. Ехехеееее знајш колку е то. После 3 години да имаш плус дури 4000 иљади македонски денари. Реципроцитетно си ојт нагоре платата со цената на бензинот..на пример. Со сегашниве 20 000 денари се купвет 251 литри бензин. Со некогашните исти 20 000 денари од пред четири години се купвеа 400 литри. Чиста и проста математика.

И не само то. Све се прајт да им се удоволит нив.  Се менвит и начинот на облеквење на професорките, а богами и професорите. Зш еве со платата, не уште, ама ќе им средат, сега додуша ова зависит ако немат криза во европава, а ќе имат, услови за работа имет како во “Шератон“,  греење во училниците скоро имет, остана да им се средит со облеката.

Од сега професорките строго ќе облеквет ролки ама оние до муцка. А на муцката маскирна подкапа за само очите да им се гледет. Зш види не е провокативен само средниот и долниот дел на телелото ами и усните. Немат веќе миничи нити тесни пантоли туку долу ќе облеквет врешчи за компири за да не им се оцртвет облините на телото. Тангата се забранвит со устав и од денес со почеток на школската година професорките ќе носат боксерици. Незнам само шо тип ќе носет ваљда како Панчета шо се. Од врешчата нагоре, да не речам цицките, профеосрките немат да имет деколте ами ролки и секоја цицка ќе си клаед во по една дисаѓа. За да не се приметливи. Така машките ученици ептем појќе ќе се сконцентрирет на наставата. А и шо ќе им фалит на професорките посебно на зима. Ионака во школите јок нафта – јок греење.

Е сега не само за нив ами и за професорите имат правила. Од денес им се забранвит да носет хеланки. Дозволени ќе се хеланките ако и само ако одозгора носат волнен џемпер до колена. Како ам. Е не ко балетани да се да им се оцртвит меѓуножјето. Мхм. Ако немет џемпери такви долги ќе морат да носет мантии ко попојне и плус ѕиври одоздола за во случај да се навалат по креда да не им се видит кандилото отпозади.

Заборајв. Не само професорите туку и  пензионерите ќе имет повисоки примања. Некош. Само тие не успееја да се израдвет зш сега се жалат и насекирани се со вадењево на документи за електронските здравствени картички. Те ги праќале по документи, те ова те она. Абре овај фондов исав немат и разбирање за пензионерите. Па ајде кажи кога да стигнет да поднесет документи ко морат секој ден да поминит релација од Лисиче до Сарај во градски. Еднаш да појт и еднаш да се вратит со бесплатното возење , ојде денот. Ам шо морет да менет три-четири релации. Имајте разбирање мајку му стара. Кај им наметнавте обврска да се возет со градски во Скопје сега ги малтретирате да ваѓет документи. Извајте им ги вие документите и здравствената картичка и на сите остајте им ги онде кај Рекорд и кај да е ќе поминат сите на та линија и ќе си ги земат. Ам како.

И уште една работа ме изенади пријатно. Ме охрабри. Го видов конкурсто за проектот “Купи куќа, купи стан“. Да бе. Здриснав од радост. Јас мислев не оти некој ќе ги исполнит условите даени во конкурсот, ко то ќе мојме сите македонци да конкурираме. Ко ти викам. Еден од условите за исполнвење е ….“може да аплицираат поединци или лица кои се во брак. Во двата случаи вкупниот приход на лицето/брачните другари не треба да надминуваат 900 еври.“ Е на ова требит да се закачиме. Немат кој не го исполнвит овај сулов во независна самостална Република Македонија. За да еден македонец  не го исполни овај услов илити да префрлит над 900 евра приходи требит да е Сулејман Султан и не само Хурем и Махидерван ами цел харем да му се брачни другари. Ама вработени.

ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.