Пооооо го виде Перета? Обобо колку беше ревносен и фрокопасен. Јас онаков го немам видено уште од ко се купи последниот мерцедес за МПЦ. Абе не само чоекот шо трасна три четири зелени ами сите пати остана жив. Абре све шо кажа беше наместо, научно издржано, апсолвирано, а можда и дипломирано. Све го погоди како прст в л….. И требит да му вервиме зш чоекот ја познават проблематиката.

Пази пази: Но таа е заболена и за неколку години ќе се исуши. Аферим владико. Јас не знаев дека на твојот факултет како предмет се учело и “Фитопатологија“ и “Ентомологија“, а уште помалку дека ги имаш положено. Вие новинаришчата го прекинавте иначе тој ќе ни објаснеше од шо е болна шумата, дал од жолтомешка дал од грип. Како ам. Немат време да истражит шоекот иначе можда ќе и даеше дијагноза на дабовата шума дека имат бенигно проширена простата. Па или купите Простамол или ојде фира шумата, ќе порачаше.

И кажа пресветлиот на преглупиот, а овај му поверва, ти велам, навистина ти велам поверва, дека сечата ќе била законска. И ќе е. Како ам. Тој не е некој крадач некој молзач на народот си свој македонски или горномакедонски веќе незнам. Значи ќе се напрајт десет годишен “План за стопанисување со шумата“ па тој ќе се дајт на рецензиона комисија, па во МЗШВ, па на собраниска комисија која ќе го проследит до Влада на РМ и та ќе го усвојт.

После то Перица ќе ангажират стручно лице кое врз основа на тој план секоја година ќе прајт “Изведбен план“. И незнам шо тука не тие јасно? Освен мене шо не ми е јазно зш шумарски инженер носит мантија? Иначе тој ко шо го кажа сакат да го поштедит неговото стадо од додатни финансиски маки и сакат да напрајт нов манастир наместо стариот. Еве, ако коза лаже Петре не лаже.

Го цитирам: Доколку жителите обезбедат 50 или 100 илјади евра за црквата ние нема да ја сечеме шумата….. ете. Јасно и гласно кажано. Дури и точен износ колку му требет на Владиката. Пардон, за манастирот, 50 – 100 илјади. Колку ќе соберит толку. А иначе вишокот од ко ќе се изградит новиот манастир се знајт кај ојт. Не бре, не траскај, какви мерцедеси. Како безброј пати до сега Пере со Стив ќе ги пренасочат за добротворни цели, за лечење, за помагање на сиромаси, ова, она. Впрочем како и до сега, како што било од век и веков, пастирите се грижат за своето стадо. Алал да ти е Петре делија.

Се надевам дека сега ви е појасно. Така. Не само малтретирај го чоеков без никаква основа. Еве глеј сега шо му прајт судијана на Колета. Нон стоп го викат на суд. Во пет дена три пати го викал на суд. Чисто малтретирање. Санќим против него имат покренато 30 обвиненија. А имат само 25. Абре остај го чоекот да се вратит на својте секојдневни обврски. Немојт кутриот ни кацана од туршија да ја истурит. Ами чоекот 11 години све претвори во туршија и сега не му давате ни еден ден слободен да ја ја средит. Зад себе остај све смрдосано.

Ај порано немаше време мораше да ни ги кинит дневниците, хранарините, па набавка на барокна морска пена, ова она. Ам сега остај те го бре да мојт да изметит дома, прашина да избришит. А клај чоекот престилка ручек да прајт звррр телефонот: Ај дојди до на суд да зборниме за она шо му е јеба мајката на народот…..страшно. Плус кога ќе преслушат со Милета 365 бомби СМС-ој ако вака го викате нон стоп? Ете тој и Че ви кажаа дека сакале насамо да си ги слушет уз помфрит уз пивце. Аман те бре луѓе аман.

Само да се најдело ортома во јајцето. Е зато сме разединети како горномакеднци. Дури ми се чинит дека дел од нас сега ќе барат да бидет и долномакеоднци и средномакедонци…..и после криви ни биле грците, те крив ни бил вазелинот не бил козистентен, те не пржело.. Абе срам да вие. Глеј оние во Канда се обединија македонцине во здружение “Обединети македонци“ а ние не мојме овде. Како е можно нив појќе да ги болит за НСРМ од колку наs? И да знајш ги болит нив за Македонија. Ете виде на транспарентон на чисто макеоднски јазик имаа напишано: Our name is Our right. Како ам. Абре тие си го неговет македонскиот јазик, таму во јабанам во туѓина кај ептем им е неубо и сосила седат, а ние овде не. 

Само да им дојт преку гла одма ваќет еропланон, купват тикетски и ќе каминг овде. Тије не ја фогедед наша држава и наш јазик. Да си ноуте сите. Јас се сеќавам тетка ко дојде афтер 15 иарси, сега ќе сторит 40 кај е таму и можда ќе дојт по втор пат. Абре та ми телаше, колку еропланој менала за да вјасат кај нас. А за басој да не прам муабет. Ми кажа се мачела за нас македонците, дури работела и појќе од колку требит, дека работела обртај за да соберит и 10 долари како презент за нас. А и ни прати неколку шамии со буба мари и за мене и за батета чорапи. Зимски. 

А ти? Ти шо си ми дал? А?

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите