Абе знаев море знаев. И биди искрен од кога ти велев дека ќе сме лидери во Европа. Она лидери на Балканот е превазиџено за нас. Во све живо и диво сме балкански лидери. Еве сега ја освојуваме Европа и кај и да е ак не ова среда другиот петок ќе се искачиме и на врвот на светот. Посебно ми е мило ем драго шо Шведска е последна. Да бе жими све последна е како пушачка нација. А шо е најбитно како е тргната ќе станит не пушачка држава и незнам како ќе просперирвит понатаму ако се не пушачи.

А ние. Први. Лидери. Годишно да сме ти пушеле 2515 цигари и ела некој нек стигнит. Море пушењето кај нас е бетер од народна традиција. Како резултат на то шо сме пушели сваког дана у сваком погледи све више напреџујемо. Додуша во моментов напредокот е индивидуален зато шо пушењето го користат поединци кај директори, шефој, пратеници. Мада еве во зачеток ни е глобалното или колективно пушење. Успех постигнавме кај грците. На пат сме и кај бугарите.

Ете барет да учествувет во промена на уставот кај нас. Пак Стево Пендар се бунит и велит дека безобразни и окупаторско било барањето да учествувет во промена на уставот. Де бре Стив не палардисви. Баш требит да ги пуштиме за полесно да им ги задоволме потребите. Абе да пушиме и гајле си да си немаме.

Па ко мојме на Мијалков да му попуштиме з`ш не и на братјата. Додуша на Салета цело правосудтво му попушти. Го удај. Последно попуш(т)и за “Титаник2“. Застаре. Условно беше казнат за “Плацеви на водно“ и тука попуш(т)ивме. За “Тортура“ за Љубе Бошкоски веќе се попушти томпус. Ослободен. Кај да е ќе попушиме електронска цигара за “Тврдина-Таргет“ з`ш застарвит полека и та ко Баба.

Е едино не подонадивме за “Империја“ з`ш Сале ја призна вината и го осудија на три години. Не дека овде не сакавме, туку неможевме крајот да му го најме з`ш е во Струга во отворен тип на затвор и неможевме трага да му најме. Јас мислев ќе го загинит кључот од ќелијата ама пустиот имаше јак приврзок во директорот на затворот.

Абре ние сме квалитетни пушачи. Како македонче шо мојт да попушит никој. Ја читав изјавата на анонимен пратеник кој велит дека одма се активирало одмрзнувањето на нивната плата. Си зедоа луѓето 17 000 денари за осум дена во март. Ко да во 12 се тргна одмрзнувањето, а хитно се спресмета и во 13 стот лапнаа парица.
Е сега овде не ми е јасно кој шо пушит. Чоекот кажа дека пратеничка плата била многу пониска од докторите и дека тие земвеле 130 000 денари. И овде го подржавам. Неможит некој кој спасвит животи, знајт да оперират по 7 сати, работит 24 часа, со пола ден слободен па пак 24 часа, па пак спасвит животи, да земвит појќе пари од некој со едно кревање рака сјебвит миљон македончиња. И то дака го сјебвит шо ни 10 хирурзи неможат да го закрпат. Како ам.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите