Де бре пак де. Никогаш не си ошол негде во пратња со жена ти подалеку од Охрид? Струга да речиме. Ко бевте таму не и купи бурек и то со месо? Е па…..шо олку јадење гурабии шо наша делегација и пол до два биле Јапонија со жените. А то шо Јапонија платила трошоци само за Муцински то е нормално за сите деца.
И како да не ојт жена му со со него, тој млад да се снајдит во град кај шо фрчет коли, семафори, лоши чичковци. Па мојт да се уплашит. Вака со жена му за рака. Ете Мицко кажа дека и за другите била намалена цената з`ш ги плаќале надлежните минисерства и дека нашите драги жени на министрите со си министрите не се расфлрале со многу јадење.
Јас разбрав дека овие шо ќе го рестартирет системот, санќим лап топ е, си носеле од дома, јајца, крастајца, по два три патлиџани, месен нарезак, по некоја паштета, младо кромитче и така врвеле само да не ја оштетет државата.
Е одвреме на време ќе матнеле сашими и суши ама без ориз. З`ш еден од нашиве политичари закажа за два месеци дека ќе ојт кај оштетените од Кочани да им изразит сочуство и тогаш ќе им донесит цела врешча со ориз. А ко ојдоа родителите Скопје неможел да ги ѕиркат низ пенџере како другиве шо ѕиркаа, а не се појавија пред родителите.
Тук дан заборам… се сретнаа Мицкоски и Таравари со цел, како шо рече Мицко да слушнит дефинтивно лично од Тарвари дал останвит во Владата или не. Ама ете не слушна. Скоро два сати брбаа, зад затворени врати, во случај некој од нив дан избегат од искреност и на крајот Мицко наместо одговор доби бинек.
Ама ние ко прост народ не ни требит многу филозофија да разбериме дека АА на Таравари ако останит во владата оп уште две три министерчиња од нив и понекој директор. З`ш види, Тараварари не е чоек шо се зезат тук е од збор. Ко влегвеше во владата рече дека сакат три министри, двајца заменици министри и директори, Мицко рече не. Ама бидна ДА.
Тук сакам да ѝ се јавам на Арсовска да и кажам дека котејнерот е многу проста направа. Одредени претпријатија ги ставет на одредено место. Народот идат и фрлат ѓубре во нив и тие се полнат и сега најбитното….комуналното претпријатие идет и го истурат. Значи контејнерот не е нешто шо Муцински го донесе од Јапонија со триста дигитални наредби на дисплејот.
А пак од друга страна Арсовска вели дека комунална хигиена работит исто како и последниве години, а проблемот го гледат во поголем габарит на отпадот. Би се сложил. Во право е Данелче. Исто работат. Па Скопје е смрден неколку години на назад, а шо се однесвит до габаритот и народов претервит. Фрлат цел шифоњер во еден мал контејнер. И нормално е шифоњеров со тек на време да се истурит надвор од Тојотата, пардон, од контејнерот.
Пред некоја недела пишев за Тањето од ДКСК шо скенирала пријави за случајот “Адитив“ и со обвинетиот комуницирала и му издавала тајни од случајот. Е после изјавата на Димитровска малку се подзамислив и јас како било. Таа кажа дека фактички обвинетиот и е семеен пријател и комуницарала со него до декември 2024 година кога добил мерка притвор. Од тогаш не. А разговорите биле општи ништо за случајот.
И ја вервам. Ми теквит ко бев кај неа на гости не ми извај ни расол зелка, ни туршија, ни потпљускани пиперки… извај само купечки барени пиперки оние шо ко ќе јајш им се љупит љушпата. Е ова е доказ дека та со осомничениот, како шо изјави таа, не зборвела за случајот туку највероватно за зимници. Расол пример. Како шо ни е државава.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите