Абре лесно му беше на Андрија Милошевиќ да ојт во Панама и да прајт “Сурвивор“. Да бе. На Весна Змијанац, Тони Зен, Никола Роквиќ и уште некој таму лесно му беше да изигравет Робинзо на Панама. Организирам преживување на Панама!!!! Абре оди шетај таму. Опнати по купачи, во природа покрај море….сакет се сунчет сакет….она….како беше не ми теквит.

Е ај да го видам де Андреја и сите шо ги однесе во Панама нека преживеет на Димитар Влахов, позади собрание, позади Ацета наш. А? Да ги клајме малку на искушение во триста дисциплини. Биват? Да го видам Зен како ќе преживејт овде ко ќе заврнит една недела без леб. Да бе без леб. Зш како и да е  хеликоптерон ми е расипан и неможам да појдам до гранап да си купам леб.

Нека се пробет во дисциплинана “Однеси го детето нашкола живо и врати се без да се удајш сам“. Пример. Мојт? Еее ние мојме. Е сега требит да знајш финти како. Излегвиш од дома го редиш детето в контејнер и го туркаш во делот кај шо имат помалку кал, само до појас кај шо е онде. Нормално ти се облеквиш во скафандер дан се прсниш на меот.

После то следвит препрека бр.2. “Базен“. Тука го оставаш контејнерот зш тешко е да го туркаш во вода. Го ваѓаш детено од контејнер, на ноџињата му врзвиш две кеси од оние црнине најголемине за ѓубре и го редиш ушка на рамејнци. Глата је креваш горе, си матинаш едно ребрасто црево од казанче за шољине в уста и дишејќи така ја поминвиш препрека бр.2.
Препрека бр.3. “Куп земја остаен од ЕВН на сред пат“. Најлесната. Го слегвиш детето од ушка, со левата рака го фаќаш за врат со десната за пантоли и го фрлаш преку земјата према северозапад за да го погодиш со главчето во мрежана кај зградана од Митета. Зш ако го фрлиш према југозапад  ќе го втикачиш во тарабине кај новион дел шо го прајт Аце за општинана. А рака на нога морат да го прајт зш четворица делат по едно едно биро. Морат да ги растеретит малку бироана.

Препрека бр.4. “Кал мешана со вода“. Е ај да видам сега. Како овде. И контењер и скафандер? Аха. Как да не. Еми немојш ти да знајш зш не си бил овде. Ние си знајме. Вака значи. Од сношти, зш не врнеше, машти или женати, свеедно спиел на паркингон кај општина в кола. Ти фрлат сајла за влечење. Го врзвиш малото или малата со сајлата. Тој шо е во колата силно стартуват, мојт и шлајфка да напрајт.

Ако напрајт шлајфка оние од општина, од  ко се вратиле од пазар, зш биле по праз, и сега се ѕверат на пенџере ти шлашкет. Само мораш да пазиш на една работа. Мораш да го врзиш детено за полојна зш тука најтешко мојш да го прецвикаш при шлајфката. Ако пак и ова го напрајш а го прецвикниш та ти била среќата шо да ти кажам. Губиш на “Сурвивор“ и тек дур ти се родит друго дете немојш да учествуваш. Додуша мојш да се в клучиш во дисциплината “Ај да те видам оди купи леб“. Ама не е то то. Зш то не е екипна дисциплина туку “Борба со самиот себеси сам“. Така се викат овај дел.

Исто така е интересна дисципланата “Имам визита“. Овде е малку полесно зш ти не си директен учесник туку гостите. Прво пред врата ги чекат Аце од перална “Маредо“, ги матинат со шмркон пред да влезат. А тебе ич не те интересират како тие ќе ги поминет сите препреки и колку преживеани ќе ти дојдет на визита. Твојата сурвиворска битка почвит од ко ќе си заминет. Ама не одма. После 5 дена. За то време чекаш тие 3-4 кубици кал шо ти ги донесле визитарските преживеани да се засушат.

Тогаш започвит дисциплината “Исчисти ја калта/прашината без да се удајш“. Овдека се работит тимски. Ко не врнело за ова цел дома ти дошле мајка ти , татко ти, брат ти, баба Дуфка, стрина Петревица и други со соодветен алат и прибор, најчесто лопати, сите заедно пристапувате кон “Исфлрија калта/прашината“. Ако приметиш дека некој од учесниците во сурвиваров окинвит, и то се повторвит и кај другите имаш право да повикаш пријател. Поточно се пристапвит кон “Повикај го Алче“. Чоекот пуштат цела механизација, будлужери, камиони, УЦБ-а и други алати  вообичаени за оние шо живеет на Димитар Влахов и се завршвит ова дисциплина од “Сурвивор“. Тогаш почнвит славењето и нормално во него учествувет преживеаните, така да во то славење се намалвит болката на рикнатите.

Имат уште многи дисцплини ама неможам сега до утре да се расплинам да објасвам зш ќерка ми требит да ја пресајлам  да ојт на математика, а жени ми чекат кај паркингон да шлајфнит. А ако сакате подробни информации ојте кај Ацета во кабинетон и побарајте го Шикалон тој убо ќе ви објаснит зш толку години кај нас, на Димитар Влахов,  си играме “Сарвајвор“. Додуша јас го имам прашано неколку пати ама ме гледат ко риба од аквариум. А ете Симета го прашавме. Тој рече, кој имат дупка да ојт кај нив. Не тие да идат да ја санирет. Имаш дупка, ојш кај Симе.

ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.