Вакви луѓе сакам и ценам. Како бре за кого ти зборвам? Незнам како живејш без да пратиш политика, абе денес и бебено прво викат Кољо, Зајко, Амди после мама и тато. Е за Влатко од Ѓорчевци ти зборвам. Тој де истиот, од пред една недела го викет Влатко Сенсон. Па детето голомеше имаше барање до актуелнава влада да имат сенс за народот во НСРМ.

Ко почна да зборвит прво мислев дека е поблесавен или се прајт на Тошо. Знајш како зборвеше? Исто ко тој и неговоте братја да не биле никогаш на власт. Си реков дан имат земено субвенција за точак и дан се имат впурено во некоја бандера и незнајт шо зборвит. Ама ко анализирав после испадна дека јас сум паднат од на небо, а не Сенсон од точак.

Сфатив. Тој вусшност побара ова владата да имат појќе сенс од та неговата према македонскиов народ. Зедов една слика од Зајко, го пуљам вака го мерам и знајш дека кај чоекот не приметив никаков сенс шо го побара Сенсон. Беше чоекот избричен, немаше крем на лицено клаено….А да фрлам еден опуљ кај Сенсов, опааа разлика, пресечено репче, малку брадичка ко турскине глумци, и со крем намачкан. Ко го зумирав ми дојде ко со неколку крема да беше намачкан, со неколку бои….кој го знајт.
Е од овие причини Сенсов побара да се имат малку појќе сенс за народов. Пример….викам пример…ко шо  мојше да се игрет чочеци в тунел зш да не се апсет и притворет невини луѓе со Македонска Филрхамонија. А? Сензитивно, шо значи тро појќе нас да ни се скинет дневници и патни трошоци за да се земит по  сензитивен мерцедес овај пат од миљон еври.

Сензитивно, а можда и сензуално со нашите патни трошоци да се напрает тро поголеми мадиња на Букефала, некако на овие не му се познавет многу влакнана, а не да се дислоцирет. Од Сенсов другарите кладоа каратиста за министер за образование и здравство, е зш Зајко да не клајт на пример пеливаниста да ги докрајчит, ама со сенс, двете министерства, пример викам. Ак не друго македонска боречка вештина ќе е.

Еве одма владата на побарувачката на Сенсот за сенс, одма одговори позитивно. Сензитивно ќе ги акнет поп џеб  тие шо ќе закаснет при регистрација, а мојт и три во еден сенс да се напрајт. Бам по џеб, Филхармонијата за приведвење ако возат не регистрирана кола и една сензитивна жерновница в тил. Како ам.
После….не беше обично купвењето на оранжеријата за одгледвење на канабис “МАМ“ од страна на брачедот на Зајко, туку полека со внимание и со сенс. Па во изјавата премиерот апелира: “Секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна“. И сега за тебе наградно прашање. Погоди од три пати каков апел беше овај? Така е, апел со сенс. Море од прва погоди. Алал да ти е.

Исто така ми е јак сенсот на француската Лилијана Танги која……не не , Влатче го викам Сенс, зш побара сенс, а Лилето не ја викам Танги зш носит танги, така се презиват…..значи Лилето со сенс ни кажа дека и од далеку се следит ситуацијата на НСРМ и Франција мислит на државата наша. Од далеку. Додуша мојше уште појќе сенс Лилето да покажит и не само та туку и Трамп и Русија и ЕУ и сите шо се загрижени за НСРМ да одет на марс и од таму да ја пратат нашата состојба и напредокот и од на марс да јадат трици за нас со сиот сенс.

Зато бре Влатче дете голомеше не барај да се имат појќе сенс од твојата партија, зш гледаш све околу и во нас е заразено со сенс. Влатче прво прдни па речи….не вака беше: прво скокни па речи оп. А да бев помлад ќе склепав едно дете и ќе го крстев Сенс, твој имењак, како знак за благодарност кун сите политички постави во државава за овие 30 години.

Само едно ме чудит…..кога ние како прост народ, обичен  и дали воопшто некогаш ќе го постигниме тој степен на сенс та на некој избори да си останиме дома и наместо да ви кажиме шо мислиме за вас со негласање да ви втикачиме по една жерновница та по врат, та в тил, та сегде та вид виделина да не се видите. Сензитивни едни.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите