“Комшо си за во недела скара да прајме, да се напијаме да ја завршиме сезонава?“. Скара? Ти си бил будала. Прво цела фамилија чекаме ред да се искапиме на ефтина, а друго…абре да би очите на скара ти цврчеле ко живи полжај, да би џигерите како јагули на решетка ти ги тегнеле. Цревата на стап како лукајнци да ти ги печат. То цела НСРМ во жалост е завиткана ние ќејф ќе тераме. Срам да ти е бескичмењаку еден. Абре ти рачунаш дека напола е готово со нас? Со македонците? Со цела НСРМ? Уште и од Сител да си ојт нацело е готово . И ќе шетаме ко пусти гојда низ Балканов. Еднуш не остај султанот сираци во слеповоцрево на Балканов, во НСРМ, сега и доктор професор Латас мојт истото да го напрајт. Де бре професоре, имај жал за нас народецов, не прај ни го ова.

Ко прочитав бев на физикална и ми идеше на Зоки да му речам то интерферентните до даске да ми ги манит, да ме изгорит, да ме снемат бре како сува брбушка од овца. Сакав едно време да му речам наместо на апаратон да ме приклучит в штек. Да бе. Да светнам да се напрам ко Каргов во косава и да ме снемат. За малку ќе запеев….солзи сами капат простимииииииии. Ееееее замисли да си ојт и од Сител. Пту пту пту скраја да е. Кој то го посаквит да дајт  Господ пролив на раскрсница да го фатит, море на родителска да прднит. Да. Ах леле како ќе се живејт без него, неговите вести, погледи на светот. Никако. Никако. Со него ништо ми беше све без него све ми е ништо. Абре каков мед течеше од него, со него  дури и хемеоридите ми гледет ко  најубај цицки на светот. Ко ти викам. 

Как да е пропаднавме. Ојде јабана и позитивната рецесија, извонредно малата инфлација, симпатично поскапените бензини, безизлениот карцином на “само“ пола дебело црево, за наше арно поскапената струја, ќе престанет нагливе врабтвења….си замина професор Латас а со си него и најмалку задолжената држава, најмалата огромна безработица..абе ојде све јабана….целиот оптимизам и розев свет. Единствено корист од ова ќе имат Бранко. Ќе ги налати трошоците за нивеа за лице. Ќе се спасит од пљукајнци мада требит и да се замислит малку. Ај сега да видам кој ќе му прајт реклама? Кој ќе го спомвит во секој вести по 7-8 пати? Ловецов на октоподи свои приватни медиуми  да имаше не ќе го спомвеа колку Латасините медиуми. Ништо. Се разочарав. Не вредит сега како порано да ги завратвам ракајве на кошуливе како бавчанџија нити пак да се смеам ко на кол наденат за да ми се видат новиве заби ко на Латас. А ради него ги средив и изнакупив кошули.

Абре кој онакво зедов в рака весник да читам. Убо не чепкав долго време. Ама Зоки ми го тутна да не седам така дур примав терапија и сега нека ме префрлит од физикална на невропсихијатрија. Збеснав. Ми идаше да го изедам весникот и таман да го клам в уста ми летна оково на една реклама. А љубам реклами. И да пеглам љубам ама реклами многу зш се ептем осмислени во нашата НСРМ. На то многу труд се вложвит. Некоја ординација за кардиологија “Срце“. Прво се израдвив зш го трефнале имато шо е реткост кај нас. Зш мојше например да битит: Ординација за Кардиологија и Кардиоваскуларни проблеми “Чмар“. Шо те чудит. И јас се чудев за железаријана во Охрид ама се навикнав……железарија “Турист – инженеринг“. Шо му фалит?….ваше е само да умрите а другото остајте го на нас. погребално претпријатие “Еднаш за на век“. А? Ќебапчилница “Ѓон“.А?

….плодност без однос во ординација “Плодност“…иш бре таму. Кај од  други  проблеми сексот ние како растот на БДП во НСРМ сега и стимулирај реклами мажот и жената да не се чепкет ич а камоли да легнет. И шо слевит? Вајарлес сперма? Ам така де. Дан избегам од “Срцено“. Ме бендиса рекламата. Викат: “за секој преглед, било кардиолошки или абдоменален имате гратис уште еден преглед.“  Хм. Ме замисли. Ај и да одам за срцево ионака во овие години требит да се напрајт контрола….туку кој друг орган да го заебам за да го искористам гратисот? Од шо да заболам? Си реков да се растрчам по ливадине да бркам некој комарец……

Как да е реклама убо смислена. Ајнштајн. Како е тргнато со мозоциве наши не ме чудит утре да прочитам: за секој погреб кај нас гратис фенерче за на гроб, за секој изваен заб кај  нас ве следува ваѓање на уште еден по ваш избор…..повелете во нашата гинеколошка ординација “Кратер“, за секој преглед ве следува ваѓање на јајници и тоа ако требит и здравите.

Мислам поубај реклами амин. Ме развеселија. Мада прикрај дојде терапијата и пред да станам пак умот ми ојде на професорон….ќе и си ојт. Ах леле тешко нас. Ама морам да признам дека малку од малку надеж и утеха ми даде шо ќе ојт на Европски Униврзитет кај Бојчо и уште побитно шо ќе предават предмети на Катедрата за односи со јавноста. Му одговарат. Ако некој во оваа наша НСРМ е специјализиран за односи, не само со јавност, туку и за секакви односи посебно со власта тогаш тој е тој. Ми текна. Ќе ви дам еден анаграм да го решите до другата колумна…вака….ако си специјалиста за сите видови односи секогаш ќе си со,со,со……(В)ЛАТАС.
 

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.