Види го…..запнал. Абре шо немат во нив и на нив, за на неа или за во неа шо ги купила. Иначе немојт да се толку скапи. Ко ќе ја споредиш цената со сите функции шо ги прајт ќе испаднат ко со беспари да се земени. Ар ти викам шо немат во нив и на нив за неа и за во неа. Гарант имат некој вибратор. Со дијаманти. Ете ти заштеда. Да неморат да барат мажи да трошит пари за незнам каква долна облека за да го возбудела партнерот.

Плус ако е некој седокос нему дур му се онадит она ехеееехееееее. Сигурно при слеквење ги тргат наеднаш за да прајт депилација. Е клај сега тука минус пари за депилација. Е акнал та пукнал. Зато думај не само одма протестирај, викај, буни се. Си имат дел на гашќината шо си имат резервоар та за мочање та за тотолење. Посебен систем имат како за самобришење така и за компостирање на фекалиите и без да осетиш ко ќе врвиш покрај некоја канта си излегвит едно раче и ги фрлат.

Абе Господ знајт уште шо немат на нив зато коштет 500 – тини еври. Немој така, саде буни се викај и палардисви, слушај шо викет другите, малку да мучниш со та тинтарата твоја, па да оформиш свое мислење абдал еден.

Исто вака се јадеше трици ко се напрај Букефал. Олку милиони онолку коштале мадињата. Ам море ти знајш шо значит да се напрает онолкај мадиња? Па прво и прво кизнајт колку материјал кожа ојт за да бидат автентични. Посебно зш Букефал стар морат да бидат ко неговите, набрани, згужваени, со сите набори, па свиснати ко дисаѓи. Абре со сите шартој. Како ами. Па да се познавет убо вените, капиларите, влакненца, ова, она.

Думај. Мисли со глата. Не е само траскај напаѓај. Шо ќе праеше на пример ако посакат слични специјални гашчи да си купит специјалната Ката ко Ивона шо купи?А? Аааааа се тресиш сега. Е зато ќути. Ко Ивона ко Шеќерка нека купвет и Фатиме нека набавит само Катица не.

Смири се ко ти викам. Таман тргна работа во НСРМ ти палардисвиш му прајш некому ќејфој. Ете, ти кажа Зајко ќе сме имале по 500 еври плата. Да бе. То тие 5 пати појќе од то шо земаш сега. Е сега не разбрав дали то ќе е минимална плата или сите по толку. Зш дан испаднит ко Бранко шо рече дека од секоја фамилија ќе имат по еден вработен па му плака мајката во фамилиите кај шо имаше тројца. По двајца летаа на биро.

Еве ти сега и претседател на собрание ќе имаме. Како не разбра бр? Оф леле. Ам цела Албанија пишеше и пола Косово дека председател ќе ни е Форина. Командат Форина. Е де Талат Џафери. Искрено заслужено. Имат чоекот страшно предигре. Не не , не згрешив. Баш предигре. Да не речам петинг.

Знајт како тој. Истрениран е. Во настанот, кој ние лошиве Македонци го нареквиме конфликт, а вусшност Амети и Форина се бореа за права, докажаа дека ептем знает да сработвет предигри за главни игри. Форина ко мојше да раководит со цела чета борци за права шо остана за тајтање на 120 гасеници…..пратеници де.

Плус и знајт чоекот како да реагират и да го одбранит собранието при евентуален, ненадеен напад од страна на досадни новинари. Не е прост тој на клоци да ги креват. Мамата ќе им расплачит. В гас камерите и микрофоните ќе им ги напикат. Не бадијала беше министер за одбрана. Не така? Само така мојш да бидиш успешен, само ако ги видиш работите од двете страни. Зато тој беше успешен за одбрана зш знаеше истите како да ги напаѓат.

Прочитав во неговата биографија ти знаел неколку јазици. Се згранав. Покрај англиски шо знаел замисли ти знаел и српски и храватски и замисли…..ц ц ц ц ти знаел и македонски. Па то е перфектно. Така пишит во биографија. Ејјјјјј македонски да знајш во Македонија. Ајнштајн.

Абе полека си се формират екипата за европски просперитет, натоизација и незнам ти какватизација на НСРМ. Уште Зијадина да го акнет министер за напад….убо реков, за напад за напад и ете ти ја НСРМ како сателит во светски рамки. Ќе виш. Ќе ја средит тој државава. Со него ќе го надминине напредниот светски поредок, како во Авганистан, Ирак, абре Сирија лајна ќе јајт. Ќе ја лансират тој НСРМ. Ене почна да го палит фитилот.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите