Секогаш пред да снимам некој филм и пред да го направам кастингот, интензивно се дружам со неколку актери на кои сакам да им дадам по една од улогите. Ова го правам од неколку прости причини. Една од нив е тоа што сакам да станам пријател па можеби и другар, а друга причина е процесот на градење на еден лик и стекнување на доверба мегу режисер и актер. Па откако ќе бидам убеден дека некој актер разбира што сакам да кажам со неговиот лик и го разбира  останатиот дел од процесот, нашето дружење станува се поинтересно. Ги собирам сите на едно место (кај мене дома или во некое кино) па им пуштам по некој филм кој има слична содржина со мојот или пак се работи за иста тема. На почетокот, секогаш им пуштам по некој документарен филм од „Натионал” со животни. Им пуштам таков филм за да им кажам дека и животните ги имаат истите потреби како и луѓето. Се борат за територија, партнер, храна, задоволство, си играат, се бранат и спасуваат…прават исти работи како и ние. Тие тоа го прават инстиктивно, а ние свесно. Па после секој документарен филм, разговараме дали во филмовите има сличности со приказните кои ние ги работиме. Во овој момент подготвувам еден филм. Кастингот веќе го направив и со актерите почнавме да гледаме филмови. Имаме време за снимање.

Овај пат, не знам што ми текна, им пуштив еден филм кој предходно не го имав гледано и не бев сигурен каква е содржината на тој документарен филм. Почна филмот и уште од првите кадри видов дека нема никаква допирна точка со мојот филм, но самиот почеток ми беше интересен за да останам да го гледам до крај. Филмот е за една зоолошка градина во Кина. Се објаснува за како таа зоолошка е најголема во Кина. Како има ретки животни кои се пред истребување, колку пари чинела изградбата, од каде инвеститори и сл. Нешто што најмногу ме испровоцира за да останам и гледам што се случува понатаму, беше делот во кој се објаснува социјалниот живот пингвините кои се жители на таа зоолошка градина. Посебно со геј пингвините! Добро прочитавте! И јас се зачудив кога слушнав и видов на документарниот. Имено, целата приказна оди вака. Сакајќи да станат родители, двојка хомосексуални машки пингвини ги тероризирале хетеросексуалните двојки и им ги крадат јајцата. Овие пингвини почнале да ги крадат јајцата од под нозете на другите родители. А за да ја прикријат кражбата, на нивно место ставале камења. Меѓутоа, другите пингвини ја откриле измамата поради што чуварите од зоолошката морале да ги изолираат двајцата крадци за да не ги вознемируваат останатите. Замислте, хомосексуалните пингвини имале потреба да станат татковци и покрај својата сексуална ориентација.

Кога го слушна и видов ова, не можев да си поверувам. Веднаш си помислив, „види, види, колку се слични со нас”. Но како што поминуваше времето, почна да ме удира логиката во главата и да размилувам па си велам. Добро, ние имаме мозок и можеме да расудуваме; што е добро, а што лошо. Ние можеме да правиме разлика помеѓу јавето и сонот. Помеѓу вчера и утре. А животните? Дали тие можат да размислуваат и расудуваат како нас? Не можат! Тие инстиктивно реагираат. Сега и тука.

Од многу порано знаев дека линијата помеѓу генијалноста и лудилото е многу тенка. Никогаш не можеш да знаеш кога некоја од овие две работи преовладува. Многу често ми се случувало самиот да ја согледам таа линија. Деновиве гледам уште една друга линија. Линија која не дели од животните. Линија која понекогаш и не постои. Па не можеш да направиш разлика дали сме животни или луѓе. Дали размислуваме или само инстиктивно реагираме? Дали алчноста, себичноста, љубомората, гневот, гордоста и лакомоста се човечки особини или се животински инстинкт? Добро знаете дека и животните ги имаат овие особини.

Заврши филмот, почнавме да дискутираме, кој е за такви бракови, кој е против. Дискутираме за тоа каде тие имаат права. Еве на пример, во регионот од којшто потекнувам хомосексуалците имаат права отприлика колку и христијаните во римските арени: во Загреб геј-парадите се одржуваат под полициска придружба, во Белград геј-парадата заврши со јавен линч на учесниците, Во Букурешт имаше и мртви додека пак во Скопје и Приштина не помислуваат да прават ни матине, а камоли парада. Во ваква средина, каква што е нашата, зборот “педер” се третира како навреда, зборот “лезбејка” како медицинска дијагноза, а секој обид за дебата завршува со тезата дека хомосексуалната љубов е неприродна.

Актерите си заминаа, а јас почнав да чистам. Секогаш додека чистам или слушам музика или го оставам телевизорт да зборува. Додека чистев, не знам како се појави на тв еден прилог на вести за како две внучиња од Шкотска се одземени од бабата и дедото и покрај нивниот протест, тие се доделени на хомосексуална двојка. На двајца мажи. Социјални служби им ги земаа децата со образложение дека нивната мајка е хероински зависник кој е неспособен да се грижи за своето семејство, плус е невработена, а за дедото и бабата дека се болни, Дедото од срце, а бабата од дијабетес. На бабата и дедото дури им било нагласено да престанат со битката за старателство бидејќи може да добијат забрана од судот за да ги гледаат своите внучиња. Имаат права да ги видат само два пати годишно.

Леле, колку е луда Европа со нејзината демократија и човечки е*ани права. Како е возможно ова? Јас не припаѓам на ниту една групација на луѓе кои ненаситно сакаат да ги наметнуваат своите ставови и да ја загрозуваат слободата на другите проповедајќи слобода и толерантност. Ова што го пишувам не е еквивалетно со крстоносните војни. Сакам само да го потенцирам животинското во нас и дека немаме еволуирано многу ако одиме според теоријата на Дарвин. Јас кажувам дека луѓето ги гледам како личности, а не различности. Јас имам право да сметам дека нивната сексуална определба е погрешна исто како што и вие имате право да сметате дека некој ваш пријател не избрал убава жена. Или некоја пријателка не избрала убав маж. Овде не се работи за наметнување на ставови и вредности во име на угнетување на нечија слобода на избор, која и онака не е загрозена со тоа што некој друг има поинакви ставови и вредности. Повеќе не се чудам зошто девојките ме прашуваат зошто мажите се педери или пак зошто си ја пеат песната „all the single ladies”. Е па девојки, не прашувајте. Што повеќе педери, тоа повеќе слободни женски. Мене ова ми одговара, а на тие што не им одговара…

п.с. Пред да бидам прогласен за хомофоб и слично, јас само да ви потврдам дека ова мое видување е врз основа на факти и логика. Кај мене не постои нелогичен страв од хомосексуалноста. Не чувствувам презир, аверзија, несогласување, против хомосексуалците, нивниот животен стил и култура..Кој се чувствува навреден од идејата на текстот, нека напише контра-колумна или нека ми напише писмо. Сигурен сум дека нема да го прочитам. Ич не ми е гајле. Само нека му ја мисли тој што ќе го предложи законот за хомосексуални двојки да посвојуваат деца.

п.п.с. Да ви кажам како заврши филмот. Вљубените педерчиња наречени пингвини, како награда за нивното добро однесување се венчаа. На оваа идеја дојдоа чуварите кои имаа завршено само 8-мо одделение. Па ги облекоа во традиционална кинеска свадбена облека. По обредот што беше одржан  во црквата од мраз на пингвините им направија специјалетети од свежа риба.  

Авторот е режисер
Илија Пиперкоски
[email protected]