Абре ова е европско. Море како европско…светско. Ова нигде го немат. Ни во земји кај шо течит мозок по улици од шо имат паметни луѓе. Алал да му е на оние шо му текна да платиш сирење а кутијата не. Боооооо мозок.  Ко му писнав денеска јас по продавницни и си купив кисела вода и замисли не ми наплатија за шишето. Бесплатно било. Купив и леб со бесплатна корка, зедов и цигари, и то двајсет а кутијата гага, шо зедов уште?…..а да банани, да банани без да ми ја наплатат љушпата и замисли најдов и кафе со бесплатна кеса. Да. Зш порано и сирењето и водата и цигарите и кафето ги напиквевме в џеб ко го купвевме. Абе алал да им е на оние со сирењено шо им текна да ти продавет калап сирење со бесплатна кутија. Покренаја лавина на призводи кај шо паковањето не се наплаќат. А порано….Шо бре. Мозоци се.

Тук батали то. Мене ме фасцинира уште нешто. Можда појќе од ова. Ова година навреме и не само навреме ами и како шо требит ја почнавме туристичката кампања за да се препоептемнајнаполниме со гости во древниот Охрид. Секој си даде свој удел. И градот и државава. На влезот на Охрид реклама топ. Шо бе топ. Тенк. Замисли запуцвит некој од Белград, поминвит 700 километри и онде пред црнана точка го пречеквит билборд поголем од споменицине од Скопје …“Летувајте во Турција“. А тој попат ги спремил купачите да се плеснит во езероно, а ти му викаш со други зборој….“ алоооо тиквааар…..Турција мафнисе…немој ни да влегвиш во Охрид“. Реклама на место. Само ни фалит тука знак како да ги пренасочиме да се вратат назад. Или пак негде долу да додајме…….“ ооооо тиквар, се шина шо дојде овде“. Мада мојме и да ги убедиме дека незнам како стигнале на Босфор. Не така?

Значи еден чекор е напраен за да ни дојдат појќе гости. Втор чекор. Донесовме прошлиот викенд матуранти и полуматуранти и им организиравме игри без граници со без вода како генерална проба за главните туристи. Зш аџеле беше тогаш да ги чистет цефките од водоводот и цел град и околијата ја остајвме без вода скоро 24 сати. И шо беше поентата. На децата им организиравме игри во повеќе дисциплини како: задржи го говното на врвот од чмарот  дур не дојт вода, мирисај ја мишката на другарти до утре вечер, хухни му на другарти од сабајле со немиена уста, мениги  гашчите со другаркати  одма после забавата и други убај дисциплини. Како генерална проба успеа и сугурен сум дека до година не само од Македонија , туку ќе ни дојдат полуматуранти и матуранти и од Суринам.  

Ама пак со владинине реклами не да ќе дојдат гости ами ќе се заглавит автопатон. Ќе ги пуштет и без патарина само да дојдат побргу во градов кај шо келнерот е преставен како најголем дебил на светот. Јес да не се струја трофазна ама во Бурунди немат таков келнер а ние си го прикажавме како да е наш и како да му требет 20 минути кафе да донесит. Е то е поентата. Од кафе се фаќет киселини значи шо покасно ќе донесит кафе покасно  ќе почнет странците и другите гости да имет ждригателни реакции  и да пијат ранитал. Само забораја да напрает реклама за аптекарка која стојт зад пултот со камшик врака и пуцвал под мишка.

“Вие во странство дан се туширате секој ден дан сте толку чисти“….е ова ме воодушеви. Џам. Два џама. Ептем убо си ги изрекламиравме и домаќинки и таксисти и многу други жители во Охрид и си ги претставивме како ендемични неарденталци. Е во овом зецу грми леж. Шо кој стојко имат ние да ги рекламираме нашите убајни на Охрид. Сме имале 365 цркви. Глупости. Шо потреба то да го кажиме. Сме имале уба Галичица убо езеро. Море шо потреба од то. Странцине имет видено цивилизација зато ние требит да го покажиме исконското, древното. Само незнам како заборај ја да ги снимет трпејчкине крави и то во моментот ко се тотолет да видат и лепешки како е убо да имат на патон.

Можевме да снимиме и реклама например кај шо продавачка мават некој на каса со мартадела в гла зш прашал колку пари е. Или слаткар кој го секнит носот пред да ти клајт сладолед. А?  Или пак ја заборајвме најубата реклама. Градско веце, влегвит онај не пигментиранион на реклами од Англија, од кај е незнам, цена стојт 10 еври, барат шупелов гс папир, а нашиов ендемичен вид……“ебаго дан сакаш ја да ти го забриша калешко“. Топ. Два.

Значи напрајвме реклами за нашата традиција и култура и сега неминовно е да дојдат џуба џуба гости во Охрид и да се развиет рурално-неандерталско-ендемичниот туризам. Арно ама не го заборјавме и развојот на медицинскиот туризам  во Македонија. Е како? Е вака. Од аеродром ко ќе слетет во Скопје туристите по патиштава наши ќе се излечат од многу работи. Веќе кај нас во државава застарена е методата на лапараскопија или рез за камен во бубрегот. По пат до Охрид ќе се напрајт песок или директно ќе го помочет без да осетет. Исто така по пат се решават и проблемот со дебелото црево, пример ако некој имат недај Боже тумор. По пат ќе му испаднит цело црево со си туморот. Оние шо имет шилци да речиме во вратот ќе им се искршат со си врат и ни проблем ни врат ни бутур. Значи како и да е спремни сме ова година за туризмот како баба шо е спремна камасутра.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни  се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.