Леле леле ко го видов Ацета возбуден од среќа, како да не те понесит атмосфера. Мали викај то Агушеви, Македонска филхармонија, Павароти… како… е па ондак сестри кучковки, денс хип хоп фраери… нек се пееее неке се играааааааа… ајде мали р`скај со тапанот… солзи сами капат прости ми…
Одма предлог. После 8-ми септември и 23-ти октомври еве уште еден државен празник: 21-ви… ајде мајкаааааа, ај шо немат да се работит, туку и децата немат на школо да одат. Празникот да се викат Св. Маченик Подмолник. Вакво пуштање, патот Подмоље -Охрид, немало од ко го пуштија Гоцета Делчев од затвор.
Ееееее не бадијала рекол народот трпение спасение. Дочекавме. Ама се исплати. Ко му писнав вчера по патиштето ново цели 7 километри санќим Шумахер на Монца. Све растеретено, широко, гужва немат. Абре ојш на кај Подмоље и имаш претстава дека некој кај Подмоље ги убиват тие шо идет наваму. З`ш растеретено. Сега ми е срцево на раат. Господ златен да ме поживејт уште 30 – тина години да доживеам да ги пуштет и останатите 53 километри до Кичево и можам да умрам. Не не… зборвам за една лента. Не за двете. За другата внуцине ќе се радвет.
Само како ќе доживејш со овај прост народ. Ем прост ем нопак. Сега им сметало шо по седми пат менвет плочки по тротоарон на „Димитар Влахов“. Господ да чуват и да бранит и голман да станит. Абре све си е то тактички. То е основна активност на секој градоначаланик. Е шо е финтата сега. Овие сега шо ги редит Пецаков ги редит со специјален материјал плус шифра, да не можит ни кран да ги истајт. Да немојт ни еднаш да ги менет појќе, а не пак седум пати. Плус то беше и во предизборната програма. Дека од четириаголни ќе се клает 11 аголни. И како одма сега од 4 на 11 наеднаш. Па морат и жеништава да навикнат со штиклите шо помалку да пропадвет та навиквењето да е постепено.
Абе све си е со план навреме и зато нѝ носит радост. Еве… како Аце шо беше бербатосан за патот мене ме бербатоса Мицко сношти ко рече дека допрва идало најубото за НСРСМ. Се израдвив. Па за да ти е најубо требит прво да тие убо, па поубо. Јас тиквар незнаев дека до сега ми било поубо. Не осеќав. Крокодил.
Не потсмевај се бре. Рече чоекот дека удрени се новите темели за нова, стабилна држава. Не играј си. Ова држава сега да ти се градела со цигли, а не ко некош од кнауф или морска пена ко шо ја градеше една партија, она, как се викаше бре не ми теквит… заборајв. А мислам дека и Мицко ја имат забораено. Та нели и тој е обичен чоек. Е?
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите