Ева ева. Ар шо бараш во дневнава? Ти реков да не мрдаш од спалнана и ходникон на вака. Ар не си ќор дека имам гости од странство, тие не се навикнати вака да гледет чоек во униформи низ куќи да се шетет, а пак ако имав некој домашен дуот ќе му пукнеше. Со то фискалната ко некој извршител си бре не туку аздисви. Абре ти бркај си работата за то шо те пратиле и не ми се мешај во делов шо ми дозволивте, фала ви, да си останит мој.

Тииии не разбран. Еве уште еднаш ќе ти прочитам и молим те да не ми поминвиш од дневнана појќе зш ова не е ваше. Абре се договоривме низ тераса да излегвиш и влегвиш ко ќе идаш на работа. Ете приземје сум ти напрајв и скали го тргнав и бамбусот и цвеќињата.

Значи според договор за акцијата “Орепај секого и секаде за паркинг“ кој ме натеравте да го потпишам си пишит убо: Заради недостаток на улици во градот со цел да се репат за паркинг секој граѓанин е должен да отстапит 30% од својот стан/куќа во таа цел под мотото ИЗБРКАЈ ГО туристот од градот да не му текнит пак да дојт“. Е сега колку квадрати е станов мој? Колку имат спалнана? А така. Додај сега плус 15 квадрати тераса и 12 ходник? Идат 30%? Е сега ај магла и да не те видам појќе во дневнава. И дур се расправаш со мене не го суми онај сколовранецон шо застана на гранката ќе ти поминит без наплата.

Тук комшо батали то, ај уште ова година некако ќе истрпиме зш годинава ко ќе им писниме да ги репаме со све и сешто вид виделина ќе се не видат. Е сега и ние ќе потрпиме. Еве ко пример јас… си платив паркинг за креветон, за шифоњерон, огледалоно и табуреткана….ам шо да прам морав да им го отстапам просторот. Ама бар кај 1 по полнош ко престанвет со наплата ќе исчистам то маслото од колине, ќе соберам влажнине марамици и фрленине фискални и ко ќе му ја писнам едно спиење од 4 до 6 ….ехееее коњ ко мене.

Тук да ти кажам ова проблемов со имево шо го имаме убо шо дојде искрено. Некако не сплоти сите посебно со оние од дијаспорана. Мада лично мене ме натажи малку зш од тета шо ми е Асвтралија ни ал ни абер имав 28 години зш од каде бре пари да се јавит од преку бара овде? А еве прочитај го постов на ФБ: МНУЧЕ ДРШТЕСЕНЕ ДАВАЈТЕ СЕИМИЕС МЕ СОВАС. ЈА ВИДИМЕМЕ НЕ НЕСУСТАПНАТАВОНА ПАТЕНА НАШАЗЕМ ЈАГРУТКА АМАЗА НЕЈАГР УТКА ИМАВО СРЦЕВО ИСЕКОГ АСОИСТАМИ СЛАЛЕГ ВАИСТАНВАИМЕТОДАНЕГ ОДАВАТЕАМАИМИЕ НЕГОДА ВАМЕ. АКОТРЕБИТ ТАМУ ВИЕПУКНЕТЕНИАМ АНИЕДРЕ ВНОТОНИ НАШЕ ПИСМО ИИМЕ МАЦЕДОНИАНСКО НЕГОДАВА МЕ…ЈАМ НОЛГУ Е САКАМАЦЕ ДОНИЈА.

Батали брат нејќам пак да се мрсулам да плачам. Ах пуста тетка моја кизнајт шо лош живот живејт таму еееееее. Е ова се борци комшо ова. На сите маки шо ги имат тета, да напрајт 4 куќи, на брачет ми да му купит две коли, на дада ресторан нејзе и текнало на постот…..ај батали жити мене се ежам.

Важно ми кажа дека прв пат после првиве 30 години и е во план во следниве 5, под хитно да клајт во агенда можност за разгледување од 6-10 година од клавањето дал да дојт после 23-тата. Шо да прајт кутрата ко Е сакат НСРМ. А и друго ми рече. Ќе ми донесела смартц фоне. Да да смартц фоне, за од ко ќе се вратит следните 24 години, дур не размислит, дал да размислит, за расмислување даљ да дојт, да сме се смартосвеле, да си рингаме и да си токаме по мацедониан.

Е сега ми беше незгодно комшо како да и кажам дека одавна ние не сме во пештерана од која та директно Е ливе мацедонијава нејѕина, дека ние одавна сме влезено во е-светот и смрт светот. После преуспешното е-школство, мислам пред све на е-дневникот во кој се влегвит само со 8 рефреширвења после 2 по полноќ, не запирливо рснавме во смарт модернизација на НСРМ.

Имаме смарт ТВ….го оставаш да работит ти заспиваш тој те сумвити и се гасит. После имаме смарт машини за перење…ако клајш женски гашчи за перење центрифугана акат ли акат од мешање, клај машки ќе се откопат од тресење горе долу…то ти е. Мада мислам со оглед на една ваква држава на сератори најпотребно ни е смарт чмар. Да да не се цепи. Ова нешто е смарт на иднината и то прво за обичниот народ.

Си глеш телевизија чморот ти е смарт и си ојт в кенеф бркат работи и ти се враќат а ти не си мрднал. А пак кај политичаривееее бреееееее убајна. Закажвиш прес, пресот се држит, новинари џуба џуба, а ти дома. А? Е како де ? Е то е смарт чмар, наместо политичарот тој се просерават на пресот. Да бе.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите