Абре ги гледам затрчани двајцата ко којотон по птицина итрица. Абре шибет, а косиштана ко на Самсон назад пола метро им се веет како празој перје. Зајко од исток кон Џорџета, а Грујо исто кун него ама од запад. А овај пак качен на коњот, седнат пред воинот и чекат кој попрв ќе стигнит. Пред воинот така седвит тој. Нејќет тој да е отпозади.

А пак некако нејасно ко во магла во обратен правец друг еден трчат, ама неможам суратон да му го познам. Ама пустиов де кун едниот де кун другиот. Овие двајца држат по една папка враце, в џашени, во очине потечени, испакнати ко кромидишта, се лигает ко на биатлон, не попуштет, падни стани, и двајцава викет: “Јас имам мене дај ми го, јас имам мене дај ми го.“

Гледам и се чудам шо барет пустиве. Да се борет за мадињана од букефала две се. За секого по едно. Ар му викам дај им по едно да не се пенает од трчање. А не викат овај, мадињата се за народот. Овие по друго трчет. А народецов македонски качен на Кале, кај америчкана амбасада навиват, ама одделени едни од други. Секој за својот. Тук едно време се степаа и ниеден од НСРМ-овциве не остана и трката остана без публика.

Нејсе овие двајца стигнаа до Џорџета ама стојат под мадиња и скокет на кај него неможат да го фатат зш на високо е качен. Едно време ко да се расчисти маглава и ко глем тој шо неможев да го познам да ти бидит шок Амети. Качен ко цар на америчка амбасада некој му шепкат нешто на уше, а овај на цел глас му викат на живион коњаник: “Дај му ја мандатите на таја љевиот шо је десно, оти че ја пукам другата“. Џорџе дур сфати кој е љевата, која е десниот, шоков репетира, му се загледав кун прстон се здрвив, ама и чекав да видам кого од овие двајца ќе ја скинит ко…..

Ебати сонот да ти ебам. Сега најдов да се разбудам. Бар да видев…..Ко се испрајв ко се видов, испотен испотен кишка. Ко камила да ме пљукала. Леле си реков ако е вистина вака мандат да се дават значи ние сме за опервење, ние сме банана држава, ние не сме држава. За еден мандат сите да се испоубиеме, да пукаме еден на друг, да лижиме мадиња и газој….Ќути.

Ми олесна ко видов дека е сон. Зш ние си сме лидерска држава како во све така и уставна лидерска држава. Си имат ред како се дават мандат за праење Влада. А не вака ко на сонов со премисвлење глупирање, тепање…..И кај мојт претседател на држава ко нашава, угледен, авторитативен, да прајт глупости со делење на мандат за Влада, која ќе ја процветат нашава држава. Море која ќе ја до расцветат, како перуника ќе ја напрајт.

Абре луѓе си имат све во Уставот. Уставот си имат членој, си имат алинеи и све ко на слепец ти е објаснато. Све му е објаснато на Џорџ. Не Сорос. Нашиов. Во член 90 јасно и гнасно, не чек….а да гласно….е кажано дека мандатар станвит онај шо ќе соберит 61 кандидат за пратеник. Јасно?

Е сега имат и алинеи и други членој. Алинеја 3 од член 317 доказ за собрани 61 стојт: доказ дека се прајт коалиција со некој пратеник е неговиот личен потпис како и отисок од прстот. Исклучок е само Амди Бајрам за кого важит само отисок на прст. Потака во член најсет алинеа 6: после потврдата од графолог дека потписите се меродавни, да се доставит отисок од чмарот, земен со индиго и втиснат на бела хартија Б5 формат.

Алинеа 7: Чмарните отисоци ги доставуват кандидатот за мандатар, ги дава на давачот на мандатот во присуство на сопственикот на чмарниот отисок на кого му си прајт увиџај од Комисија за проверка на чмаративни Факти.

Член 218, алинеа 1: Сопствениците на чмарој кои поседувет надворешни хемороиди должни се да дојдат со кандидатот за мандат, да си носат сами индиго и бела хартија и во присуство на Комисијата за проверка на чмаративни Факти да дает отисок.

Алинеа 2: Оваа постапка се спроведвит само за имателите на чмарој од причина шо мојт во периодот од давање на отисок до контрола и компарација на отисокот на чмарот со фактичкиот чмар, заради пешачење да дојт до девијација на чмарот така да при контролата не се поклопат формата на отисокот и на чмарот. Со тоа кандидатот го губит правото на мандат.

Ете. Све си е во законот и многу е просто. Овие се основните прости и лесно остварливи услови, зацртани со закон и устав, мада имат и други не баш важни како: кандидатот да победит во котката – питката, народна, иш муво иш, Царе Царе говедаре и други игри пропишани со НСРМ-овскиот Устав.

Е сега ќе забораев на последниот член 16 кој велит: Оваа постапка за доделување на мандат на мандатар важи ако и само ако не речит поинаку Бејли или Сорос.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите