Абре соземи се, ваучер си напрен ебате будала еден. Ќе се отруеш со ракишче само и само бесплатно да да ојш по визити без пари со такси. Море шо арно сме виделе ние од ова чистокрвниве скопјанишча со потекло од Драпчин Дол, Свири Пичино, Сарамзалино, Трубарево, Негорци и други акрополи. Не ги глеш ќе се удает во колишчана со кајшиојне за 50 еври да не плателе.

Како? Не бре синко какви пари за бензин. Но веј бре татин. Напрај се камен и викни си такси и шетај ко чоек. Не, не синко, за сегде важит. Здрви се и уживај, вози се. Да бе мило тате ќе ја продајт и колата. Абе синко каква кола. Поевтино е да вложвиме во ж`та отколку во безнин. А ти се ојт негде мани пол кило од неа и шибај. Абе добро сега види. Не клавај примедби и да е така. На крај краишта Господ први себе си напрајл брада.

И редно беше овој проблем да се решит со пијаните. Батали ти инвалиди слепи лица и друга дробискоња. Маваме на стимулација за трескање, а никако на социјализацијa на оние со посебни потреби. Или пак можда грешам. Можда пак и тие со посебни потреби ќе се каменосвет и безбедно со такси ќе се вратет дома, ако воопшто ова држава мислит како пред то да стигнат во кафаните. И да…Коце го мана Пере не го менвит плаќањето на инвалидите на паркинг низ цело Скопје. Сегде важит во НСРМ, а Скопје не. Мада и то ќе го проверам. Да ја секнам ногава па можда до Скопје ќе ми порастит?А? Не така? Како по одам кун Скопје од инвалид динк Роналдо.

Чек чек чек да ја слушнам изјавава од Амдија: „Каде е народот, таму сум и јас. Морам да мислам на Ромите, ние не сме силен народ, и никогаш не сум криел дека јас сум секогаш со власта. A а за критиките….само ќе кажам, зад добриот коњ се крева прашина“ .Еееее алал даму е на ајнштајнов….фрли кормушка и ме образова. И во право е, само незнам дал е добар. A e… Мада да не се лажиме овај израз прв пат го слушнав од Стевчета Јакимовиќ г…началникот на Карпош….како шо? Ар ти уште не се отрезни, уште си ваучер? Ам како нен ме разбираш. Стевче прв го рече ова со прашинава и јас од ко го слушнав ова, ич не ми беше гајле дал е добар коњ. Знам дека зад сите коњи се креват прашина е сега дали имат врска то шо е од Подржикоњ или пак требит да се викат Полажи или Покради Коњ, можда само Коњ….појма неам.

Тук прифрли од то ракишчето доваучеросај се и да викнам такси да не`однесит крај езеро да пазариме. Јас еднаш бев ама не ми се ојт сам. Е како каде… на тезгана шо ја отворија нуркачине после чистење на Охридско Есеро, бисерон балкански, од УНЕСКО заштитено. Да да. Ар како шојмат. Ај сврти се зад тебе види шо донесов во дворон? Така брате. Шкољка од Фап. Така. Ќе ми се најдит ко за летна кујна, а и плус како антиквитет, море како реликвија. Ова е од пред 100 години, а ко ќе поминат уште 50 за неа ќе земам ко за ново Волво и то шлепер. Си зедов неколку буриња им кладов песок за да имет мачкине кај да мочет. 

То на ѕидот го глеш ураменото? Е да ама тие гашчи се од стрина, ги имат фрлено пред 25 години ко ги баравме како круцијален доказ ко се разведвеја со чичета. А шо мислиш на шо ти стоплив кафе бе ваучер еден ваучеросан? Не му викам на Перета тебе ти викам. Е така. И шпорет зедов од таму. Ене го де ене го зад “Краљица Печи“, шо ја зедов последна зато но го глеш. Сега се спремам за на свадба кај комшине ќе одам. Ама стап ќе одев ако не си земев од езеро тенџериња и ехцајг. Е сега распар се едно една рачка и едно росфрајтно ама кој гледат на то. Од езеро се.

“Ве молам едно такси за пијан со ваучер. Да да сигурен сум, камен е. Како? Да, да да му извајв и крв над 2 промили имат. Е аку де дур дојт таксито ќе впурит уште 2 ракичша и ќе префрлит 3-ка. Уживај гранатирам ќе ги испиет.“

Ај матни уште две и станви. Ам воден си де во газот не сум ќор и фотељите од езеро ги зедов. Ај со Господ напред, убај работи да си најме.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите