Абре носи се, аир да не видиш, пролиф на раскрсница да те фатит и то на црвено. Да дајт Господ на родителска кај ќеркат ти да прдниш. Како? Море мрш и ти и твојата хранарина и патарина и осигурање. Да да. Знам шо зборвам. Како? Не бре ти не си газда. Газда е Коло зш мерцедес возити  одам кај него  да се вработам. Ооооо па да како да не. Абре ќе чувам споменици ама од кај тебе си одам. Тиквар еден. Ебати и твоето осигурање ко само до 15- ти имат лекој на позитивна.

Како ам. Збеснав. Абре ќе си се вработам ваму, ем пари, ем сендвичи, ем некој денар ќе паднит ем ќе ме мислат дека сум патриот. Е да. Ама вака…..дежурав  и Грујовистите ко редеја споменици и сега Заевистиве шо планирет да ги ваѓет. Ама пази….имат разлика….Од боксеров редеа, а од овега ваѓет. А пак и ти….појма неам кој поубо напрајл. Битно е кој поубав сендвич дават. Поголем сендвич, поголем патриота, како ам.

Кој? Амети? Не бре. Шо потреба да се секират. Оф недоветен еден. Абре како све друго шо е наместено така и гушкањето на Зајко и Коѕијас е наместено. Не бре какво пуштање на јазик. Не бре тврдам дека не се залапаја зш не приметив нити лигајнци кај Коѕето нити шливка кај Зајко. Мирен бре. Каков јазик пикање. Не бре. Зајко јазикот му го вети на Аметија. О па да. Под услов и Амети да научит македонски. Е како не. Ќе морат, ќе морат, а како ќе станит, кај и да е , премиер на НСРМ, а да не го знајт македонскиов?

Е сега во та намера мојт да го зебит Мицковски. Ама не сега. Покасно. Чоекот закажа протести за интерпелација на Џафери, предвремени избори со протести ама дур во мај, а не сега. Ти празен си  бил во црпката, секој понеделник со тебе брбам и не научи ништо. Не глеш сега какви вируси имат? Не глеш дека имат минусни температури? Не сваќаш дека ВМРО-ОПРСТЌ веќе не е влаедачка партија? А можда ќе да е до поленот, можда до цутењето на дрвата, можда не е аџеле работава. А? Е на то не вервам, не вервам дека му дават време на Зорана за мојт да се спремит. Никако.

Можда пак Мицко немат пари да за бунди, за инфузии за лечење од грип ако сега стартуват копијата на Грујо со протести? Чоекот требит да приберит информации дали Коѕијас ко дојде донесе вазелнин за Зајка и за Димитров или овие два мораја да платат од народните пари. Уствари шо да носит за нив тресам и јас зелени. За нас требит вазелин како народ и нас не неж следвит за газојве наши субвенции. Зш  шо и да договорат нашиве со грциве, шо и да договорил некош Коле сега Зако со Амети или Форина требит низ, во и со нас да поминит. Не тие.

Можда пак Петре ќе оделит некој денар од Град Скопје за чмаративно-вазелинска субвенција? Е како да дајт. Па ете им рекол на контролорите на паркинзите за вработените во администрација дека немат појќе…..абре да…..од први април се укинвит бесплатен паркинг за вработените кај него. Абре слушајме…јес дека то ќе важит од први април, ама не би требало то да е шала, зш тој е ШИлегов, а не ШАлегов.

Па види. Ко мојше во времето Коцкана инвалидите шо идет од внатрешноста на НСРМ да ги сметат не инвалиди и да им укинит бесплатен паркинг зш сега и овај да не го напрајт ова. Па зато ти викам дан фрлит некој денар за субвенции. Зжш еве НСРМ скоро, наскоро, уште малце , како да не, се опрај економски. Зш све е потаман во буџетот на државава е уште ова да се одерат тамошните вработени и то дерење ко ќе се клајт в каса, абре коњ ко нас, грешка… кој ко нас.

Пак можда ќе останиме и без субвенци зжш ете се планират во Скопје да се напрајт нов мост од Гази Баба преку Керамидница до Гази Баба. Можда таму ќе одет парите? Така рече Шилегов, дека ќе праел мост. И шуќур шо сега се одлучи да се прајт мостот, а не во времето од Коцета. Коце гарант ќе го напраеше од Аеродром преку Керамидница па Дебело Поле, данк мост во тунел преку Дебар, Папрадница , Долно Дупени и џаааааанг назад кун Гази Баба. Ако ја погодат.

Как било. Јас лично не би сакал таква субвенција. Дан е ко она за овцине, ако зејш субвенции да морат да купиш стотина овци и да ги работиш. Е сега шо потреба ние како овци да земвиме субвенции за да некој не работит. Мислам дека субвенции требит да им се дајт на турците. Е како бре зжш на турците. Па кој  трпит бре ваква багра 500 години. Па алал  да им е бре. Абре тешуќур бре кардаш.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите