Ам така де. Шо е ова само за политика брбање. Легни со политика, стани со политика, јади со политика, на визита политика. Абре вака малку опуштете се. Дојде ера на вицој. Да, даааа…. Еве јас сум преподен од ко почнавме со вицој. Дури до толку не зафати вицоманијата шо почнаа и на вести да ги давет. Дури, замисли и Сител дават вицој. Така бре луѓе, така бре македонци.

А алал даму е прв почна Коле. И то ептем вака ме напрај задоволен, расположен и опуштен. Ми се озари фацата. Од тогаш на ваму цел живот ми се гледат како бајка. Поточно морам да кажам дека не како бајка ами како басна. Зш во басните луѓето се заменети со животните. А кај нас, да сме здрави и живи, комотно мојме да кажиме дека не живејме во Македонија ами во Баснодонија. И сега виде? Ми се менвит цел концепт на живеење. Неможам појќе да викам НСРМ, ќе морам НСРБ. Виш шо ти е животот….зато никогаш не вели не. Без да сакаме си дојде само посебе да си се менит името.

Ќе го забораев вицот од Колета. Абе јас наместен така гледам вести и чекам да слушнам за кризи, ова она, со дијазепамот спремен в рака ко то Коле викат:…..Бранко го прашал на Петров…… хихихихихи, се скинав од смеење неможам да докажам…..зш толку малку луѓе ни излегвет на митинг???. А Петров му рекол……хохохохохохо неможам да докажам….не шефе, луѓе се собирет све појќе и појќе ама Коце за инат…..хаххахаххахахахха пукнав….Коце за инат ги проширвит улуциве за така да илгледаааат…..аааааааааааааагаггагаггагагагга какаккакакка мхуахахухуахуахухуауаху… леле мајко неможам да се соземам уште. Алал да му е на млекото шо го цицал за овај виц. Пооооо..

Додуша јас знам друга верзија на овај виц само незнам дал ќе ти е смешна…вака ојт….И Коле и Бранко ги прашале својте симпатизери, зш све помалку и помалку ве имат на нашите митинзи, шо е работата, дан не сте од нас задоволни дан……а народотот на двајцата им одоговорил……не бре водачи наши, месии, спасители наши, нас не имат можда 20 пати појќе од пред 10-15 години, ама незнајме зш ни се смали платата за 10-15 пати и немаме шо да јајме, па така ко костури, не се ни приметвиме дека сме многу и зато ем сме многу, ем набиени ко дневни влошки во пакетче. А???? Смешен ти е овај виц? Можда на Бранко и Коле му е……незнам.

И ко шо ми почна неделата со вицој во НСРБ така течеше. Ко шо се смеев од првиов виц, така расплакан измрсулаен одма Бранко оптегна уште еден….абе Господ здравје да му дајт. За да и донесел арно на НСРБ немат да излезел на избори и со овај потег ќе ја препородел државава и ќе и донесел демократија…….аааааааааааа гагаггаггага да не пукниш бе Бане ме искина од смеење. То ти е исто ко Пандев да е надвор од терен и да речит дека ќе победиме со негов гол….хихихихихихихи….не така?А?

Абе да не мојт чоек да се соземит. Виц до виц. На пример….овие од министерство за образование го средија образованиево шо наголемо го почна и скоро го доврши Тодоров. Во државава во сите средни угостителски ги намалија часовите по англиски јазик за еден неделно а ги зголемија по ликовно за еден. Аферим. Алал да ви е. Кој онакво му е потребен англиски јазик на келнер или рецепционер. Не така? И друго….шо потреба да зборвет странците англиски? Имат да цртет бе…Како ам. Ќе си нацрташ то шо сакаш и келнерот ќе го препознајт и ќе си услужит. Е сега малку ќе е заебано нешто…..ако не е вешт гостинот во цртањето а сакат колбас, лукајнца…..пример…..А? Шо прајме? Не друго…туку ми е келнерот дан погрешно го прочитат цртежот и да го послужит со….. А дека јазик не е потребен за келнерите докажвит и една случка пред мој очи….во рибнион во Охрид кога не келнерот го прашаа странци дал имат пиво тој им одговори дека Галичица е полна со мечки.

И дан заборам. Не е виц ама ме расположи. Квизон со Драган Вучиќ. Онај со коцкине. За турскине квизој. Абе ептем убав. Се јавив. И поминав све дур не ми пушти инсерт од турска серија и го ф`тнав одговорот. А прашањето беше: Дали на овај инсерт Џулу ојт вака зш имат клаено тампон или само крпа замотана. Крпа реков и паднав. А криво ми е, зш јас сум многу интелегентен, а квизов е баш забавен, за интелегентни луѓе а згора на то Драган е ептем шегобиец. Немојш да не се насмејш ко ќе го гедаш него.

И таман да ја завршам колумнава среќен, се деси нешто што ме натера да ја завршам пресреќен. Ај шо сум пресреќен туку некако одавна не сум се осеќал толку горд шо сум Македонец. Се осеќав исто ко тогаш го заокружив ЗА…за осамостојување.Така ми беше некако дури се осетив поголем Македонец од Бо Мекејлеб. Можда, не оти знам. Абе тргна бре луѓе и сега ела заприго да те видам. Стегнавме гс и ние македонциве, аку не викет газолижачи, на сред Македонија, покрај Струга, на периферија на Мислешево истакнавме, замисли македонско знаме. Ееееее гордотија наша, македонштина наша. Ајдеееее фала му на Бога. И то се случи. Почна. Ајде да сме здрави и живи, можда, сега не викам сигурно, можда,  а и да не претервиме наеднаш, можда ќе доживејме допата и македонско знаме во Тетово, Гостивар, Куманово, или пак , уф се ежам, во Арачиново. Ајде здравје. Шо е Господ никој не е.

ЏИМИ
[email protected] 

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.