Ај колку не се разбираш бре чоек. Абре така е и немој многу да палардисвиш. Абре вервиме така и реално е то. Шо море како? Оф како не го свати Коцета бре аман. Чоекот рече дека работит по скопски и крај. А ти си охридски. Е па така и немој да му се јавуваш нему уште е шашардисан од ко ги виде резултатите. Му се крена косана и уште му стојт крената. Ко го видов мислев Канго го гледам. А плус то Коце појќе за ништо не се прашвит ниту за коцката. Сега Перица ќе го прашаме.

Според она мене шо ми го кажаа од ЈП Градски Паркинг – Скопје све е кристално јасно и чисто. Пример, велам, пример, си тргвиш од Скопје без една нога. Ја немаш едноставно. Ова ти го кажвам да не се заебиш. Како шо ојш кун Скопје така од колкот почвит полека да си растит. Прво бутната коска до кај Кичево негде, на кај Гостивар дел од коленото, па писката, стапалото и последен палецот кај Ѓорче ко ќе влзеиш и спремен си за во “Танец“ како ороводец и пичиш пајдушко.

Абе проверено е ко ти викам. Јас се јавив да прашам. Не бреее стап. Каква инвалидска книшка и ослободвење од паркинг чим не си од Скопје. Еми твое е да бираш ко ќе ојш Скопје. Или погноја ногата да порастит, да не си инвалид или земи лична карта дека си од таму да  те ослобат од плаќање. Та е скопската логика. Зжш според нив ако не си од Скопје, дал си од Охрид, дал од Неготино или Свирипичино ти си од Вукојебина и немаш право да живејш. Ам кој знајт до кога така. Коце го намести то пак еве сега Перица нека одместит.

Тук многу се забрбав дај да скокниме набрзинка до онај новион “Езеро мол“ да пазариме нешто. Како бре незнајш? Абре новиов шо го отворија од ко го исчистија езероно. Ехееее извај ја роба за 2-30 години. Абе шо немат: маси, столој, бела техника, славини, ауто галантерија и позамантерија, зимски, летни гуми, масло, кардани, тешка индустрија, локомитиви, алки, закачалки, ластици, мотуши, котуши, па мојш нафта да си туриш….абе шо немат.

Е сега чив е….незнам како да ти објаснам. Наш е од граѓаниве, ние му идеме некако како акционери, зжш робата е наша ама како да не е наша зжш ко ќе ојме да купвиме морат да ја плаќаме. Ние ја набавивме, ние ја дониравме во “Езеро мол“, сите од  НСРМ, најмногу охриѓани и сега морат да ја паќаме. Абе Господ да чуват и да бранит кај ојде ова НСРМ.

Тук дан заборајме од молов да зејме чекан од 43 кила мамата да и плачам и на климана и на печкана. Е како зжш? Сиве кандидати, сега веќе уфотељичени градиначалници рекоа дека НСРМ цела ќе ја напрет со гас. Гас брате гас. Абре имат да се грејме како паши. Разгашчени дома стопени од топлина ко лигајнци.

Е ради то јас многу не се секирав кој ќе победит. Сите ветија дека ќе ги напрает сите потребни работи шо требит да ги имат една држава во 22-ри век, а ние уште сме 21-ви век. Абе цела Европа ќе ни дуват во ауспух ваква, држава немат да имат во во светот со си цела околија. Ќе напрает такви работи шо од на баџа ќе ги гледаме сиве други држави со си Нов Зеланд.

Зш ај те молам кажи ми која држава имат канализација, а ние допрва ќе ја уведвиме?А? Не така? Која толку напредна држава редовно го собират ѓубрето дури и ги празнит контењерите како ние шо ќе прајме, како прва држава шо ќе влезиме во 22-ви век, скоро по еднуш неделно? Е ај де да те видам зуцни, пропеј, гугни нешто де.
Замисли, голем дел од градоначалнициве ветија и не само шо ветија јас сум сигурен дека ќе воведет…..само молим те седни и написе блага вода дан се струполиш ко суволајно од тераса….ќе воведат алоооооооо водовоооооод. А? Сега? А да не прам муабет дека прв пат во историјата на човештвото ќе имат и асфалти, тротоари и ќе се садело трева. Е ај кажи искрено која држава во светов имат трева?А?

 

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите