Абре како не бев тогаш некој од новинарите ко ги летнаа како гулаби од собрание. Абе да ти се прднам на изборот на професијата. Ам ај кому да му текнит однапред дека од Стразбур ќе им дает по 5000 еври отштета за некоја клоца, пар шамарчиња и тро пљукајнци? А? Јас не сум шок Амети све однапред да знам.

А да знаеееевв. Абре не излегвев ќе се закачев со нокти како мачка на канта за сирење да гребат да пиштат то ноктите. Абре ќе ги провоцирав од обезбедување, не клоци бре, ами да ме газат со кондурите по бубрези, в џигери со шпицот да мавет, штиклата в уста да ми ја напикет, да ми ја надовтерет веќе.

И не да ме пљукет, ами ракајнци, балгамишча зелени да рскет по мене, со кормушки да ме гаѓет. Море со ноѕе на стомак да ми скокет и носот на мене да го секнет. Не пет 100 000 еври ќе земев. Море и в затвор да ме испонапикаа. Абе јасно. Гомнејнци се гомнејнци, ама еври се еври. Додуша и вака ми е арно, зш знам дека јас ќе им платам на новинариве. Не ќе ја оптеретвиме државава. Не така?

Тук остај то. Дојде Хан во Скопје. Да бе во Македонија. Во наша НСРМ единствена. Лидерска во појќе области. И не само во регинов. И шуќур шо дојде. Ни отвори очите и ни исчисти гуралките за да сфатиме како да излезиме од 30 годишните лајнарии шо ги папаме. Јас лично не знаев дека преговорите требит да се продолжет. Хан го кажа то.

Според него партииве не требеле да си игрет со народот и да го редет да бидит заложник на личните интереси на политичарите. Виш паметен пустиот да не пукнит. Тој да не го кажеше ова мене уште ќе ми беше убо ова 30-годишново кецање. Мада незнам кај му истекна ова да го траскат за нашава држава.

И она шо е најбитно, нагласи, е ова ме фасцинира мене, дека ЕУ немала намера да се мешат во то кој со кого ќе коалицират и кој со кого ќе прајт влада зш то не било пракса на ЕУ. Се израдвив.А види. Знаев дека е така. Ама имав забораено дека никој нас не ни се мешат во ништо. Додуша се сетив на ова пракса пред доста години неговиот колега….как се викаше, онај брадатион, Хавиер, Хавиер, како му беше презимето…….Солај.. ли Со…., не ми теквит знам дека со нешто гадно беше.

Е тој ич не ни се замеша македонската војска го почна да влегвит во Арачиново со какви автобуси ќе се префрлиме на друго место за да доиграме партизани-германци со борцине за права. Само нареди да се прекинит поразот на загрозенине, а рече дека мојме да се префрлиме со црвени, со зелени, ак сакаме и со жолти автобуси. Да бе. Абре све овај Хан им кажа на сите лидери и то еден по еден, да запишвет и да памтет. Само незнам дал овај им кажа дека Холандија сакала да ги затворат затворите или ќе ги изнајмувале на други држави зш немало доволно криминалци во државата. И незнам дал овие го запишаа и запамтија то. Онака. Незнајш шо и дал ќе ти притребит. Недај Боже да им притребит, ама нек си знает.

Ама да ти кажам. Не само Хан и јас запуцав за Скопје еден ден. Да да. Дента ко цапаше пешки за на работа и Коце Сољарникон, ко рекоа коли да не се користет. Даааааа. Ојдов тогаш. Колата ја паркирав Сарај и од таму пешки ко Евлија Челебија низ цело Скопје. Боците за кислород на плешти и кај шо ќе сумев свеж воздух и кислород данк боците да ги наполнам и да си земам за Охрид. Како ам. 

Абре све се реши со тој ден. Цело загадување го снема. Ги снема сите скопски ѓубриња. Абре санќим Бронхи имаја фрлено во воздухон. Јас наполнав можда 20 боци. Абе мерка и пол. Можда две. Од шо беше успешна мораа да ја укинет одма. Абре ко рсна то здрави луѓе да трчет за еден ден, абре ко се кренаа еритроцитите на народов, море калиумоит во нормала, море белите крвни зрнца се црвеносаа од чист кислород. Да да кислород, не воздух. Абре азот снема. Па то велешани колку имаше дојдено….паааапааапаааааа….идеа со колички се враќаа за Велес санќим Усеин Болт се сторија. Еден пак трчат и со солзи во очите викат: кај миеееее е ракоооотттт на градивееее кај миееееееее. Абе да се наежиш. 

И одма укинаа. Мораше. Абре и од многу чист воздух, чист кислород мојш да испукаш. Не е то така. Е сега ваљда пак ќе имат ваков кислороден ден. Ама не одма. Чек дестина иљади нека по исцркет од населениво од загадувањево и ќе им се дајт тро да подишет. Ама тро.

ЏИМИ
jimmy@t-home.mk

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите