За неговото дело и заложби говореа повеќемина уметници, негови пријатели, меѓу кои писателот и фотограф Мишо Јузмески, поетот Тоде Илиевски, поетот и скулптор Трајко Дурчовски и уште неколкумина почитувачи на животот и делото на починатиот уметник.
Атанас Талевски почина на 27.06.2008 година. Преку неговите изложби организирани во Европа и Северна Америка беа презентирани Македонија и Охрид, а со што авторот придонесе за нивната промоција.