По повод смртта на примариус д-р Илија Прангоски, утре, среда, во 11 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи комеморација.
Од д-р Прангоски со пригодни обраќања ќе се простат неговите колеги од Заводот за кардиологија, Здружението на лекари од Охрид, чиј претседател беше тој, како и претставници на заедницата.
Примариус д-р Илија Прангоски ненадејно почина денеска во 59-та година од животот.
Посмртните останки на д-р Илија Прангоски ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 14 до 15 часот, по што ќе биде извршен погребот.