Коментар: Да ја промениме филозофијата на приоритетите!
19.11.09 11:08
По повод 19 ноември-Светскиот ден на Филозофијата
Многу треба да смениме! Прашањето е: ОД КАДЕ ДА ПОЧНЕМЕ!? Претпоставувам дека најлесно ќе биде да почнеме од навиките да ги ставаме нашите приоритети над приоритетите на другите. Сакале или не, се наметнува уште едно прашање: КОИ СЕ ТОА ДРУГИТЕ!? Другите, за среќа се нашите најблиски и нивните најблиски и најблиските на најблиските на нашите најблиски и така натаму, се шират круговите со иста хармоничност. Поезијата во целата оваа гимнастика е тоа што некако тешко ни оди со убедувањето на самите себе дека треба да ги баталиме овие кругови и да почнеме почесто да се гледаме во огледало. Сметам дека со поголема практика на оваа дисциплина ќе успееме да се ставиме себе си на пиедесталот приоритет број еден.
Знам дека ова ќе ви изгледа како беспотребно зборување и ќе си речете тоа не ме интересира но, не е така. Секој од нас се нашол, се наоѓа и ќе се најде во ситуација да ги стави приоритетите на другите над своите. Разликата е во тоа што некои тоа го практикуваат почесто од другите. Како и да е, вежбајте поставување на приоритети но, запомнете, ВАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ ПРЕД СЕ, барем додека да стекнете чувство за вистински приоритети. Да бидеме 100% разбрани, своите приоритети пред СЕ е различно од себичност. Тоа е добар механизам за преживување на поединците во денешното општествено опкружување и добар механизам за опстојување на општеството меѓу соседското, европското и светското опкружување.
Ова се моите гледишта. Вашиот прв приоритет би бил да одредите дали сум во право или не.
Анкетните листој за имот на кандидатите за председател ми ги отворија очиве нааа ко кромид Не ми помогнаја да одлучам за кого да гласам но ме просветлија за кого да не гласам Прв на листата за НЕ м...
Е з`ш да не мојт ученик да ојт нашкола со копје во ушето Шо било то забранвење да се пирсират оков на носот за нашколо З`ш да немојт ученик да клајт сидро на бузата Или пак да не можит некое моме д...
И не само шо ќе одам да гласам, ами костум ќе купам Ќе се избричам Ќе се искапам и ќе се депилирам Ќе се дуздисам ко бебе за на вакцина Сакам бре да учествувам во баграта која некому ќе му дајт нов...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.