Новооткриената комета Неовајс која за прв пат беше забележана на 27 март годинава, деновиве е видлива и за охриѓани. Најсветлата комета во последните 25 години видлива од северната хемисфера ја „улови“ нашиот фотограф Анамарија Момироска.

Кометата Неовајс најблиску до нашата планета ќе биде на 22 јули. Таа е долга околу 5 километри, а според НАСА настанала при создавањето на нашиот Сончев систем пред 4,6 милијарди години.

Жителите на северната хемисфера имаат ретка можност да ја видат кометата Неовајс која поминува покрај Земјата еднаш на 7000 години.

Г.М.
фото: А. Момироска