И покрај тоа што неодамна беа отстранети наплатните рампи, и понатаму од страна на актуелниот концесионер на паркинзите се врши наплаќање за паркинг во централното градско подрачје, а деновиве зголемен е и бројот на улиците на кои се наплаќа за паркинг.
Бакрачески со објаснување дека тоа е последица на тоа што претходно, покрај договор за централното подрачје- околу плоштадот и првичните неколку улици каде се вршело наплаќањето, потпишан бил уште еден договор за проширување на зоната на паркинг просторот.
– Потпишувањето се случило под многу сомнителни околности . И покрај донесеното решение за поништување на постапката од страна на комисијата која била одредена од страна на тогашниот градоначалник, а после три предупредувања од антикорупциската комисија д а се прекине постапката, од која последното известување дека мора да се поништи, екс градоначалникот не постапил според препораките на комисијата која сам ја именувал. При тоа, потпишал самоволно договор за проширување на паркинг зоната и за користење на паркинзите, изјави градоначалникот Бакрачески.
Одлуката на мнозинството од минатиот состав на советот ,за издавање на паркинзите под концесија, како што рече градоначалникот, била неразумна , со оглед на тоа дека извештаите на стручните служби укажувале дека добивката би била неколкукратно поголема доколку градот или некое од јавните претпријатија стопанисува со паркинг просторите, отколку сумата што сега е обврзан концесионерот да и ја плати на општината.
По барање на советниците, во текот на наредната недела,на седница, градоначалникот Бакрачески ќе соопшти детални информации за случувањата со паркинг просторт во Охрид.