На почетокот од декември во Охрид ќе допатува комисија на УНЕСКО која ќе изврши увид врз состојбата со заштитата на културното наследство во градот. Според најавите во рамки на мисијата ќе бидат ангажирани специјализирани агенции кои ќе изготват извештај за состојбата на културното наследство во Охрид.

-Мисијата ќе ја разгледа состојбата со градот и со заштитата на културно историските споменици и по увидот ќе изготви извештај и ќе даде препораки околу натамошната заштита на културното наследство.-изјави Дејан Пановски, член на Националната комија на УНЕСКО.

Од Националната комисија на УНЕСКО велат дека се работи за вообичаена контрола, која случајно или не беше најавена по отпочнувањето на градежните активности на Плаошник каде во тек е изградба на музејски комплекс и резиденција на МПЦ. Иако овие градби се’ уште се во фаза на карабина, тие во габарит се поголеми од Свети Климентовата црква Св. Пантелејмон и се забележуваат од голема далечина.

Резиденцијата на МПЦ и музејскиот комплекс се само дел од десетината објекти кои треба да никнат на Плаошник кон кој посебен култ гаат и христијанските и муслиманските верници.

Според проценките, изградбата на комплексот ќе чини околу 24 милиони евра.

Г.М.