Комисија на Фудбалската Федерација на Македонија од одделнието за лиценцирање ги посети второлигашките клубови во Охрид и Струга со цел да изврши едукација во врска со престојното лицнецирање за домашното првенство како и за мечевите од УЕФА за наредната сезона 2011/12 година.  


–  За да може клубовите да е натпреваруваат мора да ги исполнат условите од правилниците за лиценцирање кои се истакнати на веб страната на ФФМ. Петте вида на критериуми кои треба да се исполнат, се програми за развој и списоци на сите фудбалери од младинските категории , состојбата на стадионите, кои се посетени и на база на таа посета утврдена е фактичката состојба, и  направен е правилникот. Персоналните, да се напрви здрава солидна структура во клубовите која во моментов не функционира, потоа правните во делот на правните документи, како стаути, потврди од централен регистар и финасискииот дел каде што различни се критериумите од УЕФА па се до втора лига – рече Филип Поповски, лиценцен менаџер при оделение за менаџирање во ФФМ.

 

Благодарение на одличната комуникација на одделението со клубовите, тие се запознаени со критериумите како и потребната документација која мора да ја комплетираат до први март. Најголемата забелешка на комисијата е непостоење на соодветни канцелариски простории на клубовите како и оргазнизационата поставеност на клубовите .

–    Можеби сега им доаѓа наеднаш на клубовите, но и недоволната нивна заинтересираност е виновник за тоа , тие се сеуште не се свесни дека без лиценца нема да може да играат во наредното првенство . Новина е тоа што за следната сезона котизацијата ќе се плаќа одеднаш а не како лани на две рати. – појасна Поповски.


Друга новина е тоа што клубовите мора да достават тригодишна програма за развој на младинскиот фудбал.

–  Се работи за тригодишна програма, во која секој клуб треба да ја истакне својата визија како ќе се одвива и како ќе напредуваат нивните играчи. Таа треба да содржи доста податоци но најважно е таа да се имплементира, бидејќи тоа е правиот пат за успех и развој. Лесно е да се стави на хартија но да се изработи тоа е друго, нас не’ интересира вистнсиката слика во клубовите со какви проблеми се соочуваат и да се обидеме, колку можеме да помогнеме во развојот на овие категории – истакна Бојан Марковски, експерт по спортски критериум.  

Од  Охрид Лоте сметаат дека ваквата програма која ќе мора да се импелментира ќе се стави ред во младинскиот фудбал поготово во второлигашката конкуренција.

– Се става еден ред, со оваа прогама се одредуваат правците на кои ќе се работи, и ќе се знае точно што и како ќе биде со фудбалерот. Мора да се регулираат состојбите во клубот, бидејќи имаме клубови кои живеат од денес за утре, а без ваквите програми тие нема да може да се натпреваруваат во лигата. Прв пат се среќаваме со оваа проблематика доаѓаме до ситауција да ни се нејасни некои работи но во периодот кој следува ќе ги средиме работите, со комисијата имаме одлична соработка  и тие и ние сме расположени да направиме нешто добро за македонскиот фудбал – вели Наум Јанкуловски, креатор на програмата на Охрид Лоте за развој на младинските категории.

Комисијата напомена дека во иднина ќе врши поголема  контрола, мониторинг, за она што е ставено на хартија дали одговара и во пракса, младинската комисија има одредни правилници и контролира на одреден термин а тоа ќе се практикува се поечсто.

М.Постоловски