
Заклучено е да се изврши и дополнителна дезинсекција (ларвицидна и теристичка), посебно на критични точки и региони, како застоени езера и канали, мочуришта…Министерството за здравство ќе ја помогне оваа мерка со сопствени средства. За нејзино спроведување е задолжен Институтот за јавно здравје во соработка со центрите за јавно здравје, кои треба да направат детален план за околината на Скопје и покритични точки во Македонија.
На средбата, како што информира Министерството за здравство, било заклучено дека Институтот за јавно здравје располага со доволен број тестови за дијагностика, а на Клиниката за инфективни болести ги има потребните лекови за третман на заболените од енцефеалит и менингоенцефалит.
Комисијата заклучи и дека и понатаму граѓаните треба да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од комарци – употреба на лични заштитни средства за мачкање, поставување соодветни апарати за заштита од комарци, поставување мрежи на врати и прозорци, исушување на застоени води во дворови, олуци, бари…












