На седницата на комитетот учествуваа градоначалниците на Струга и на Вевчани. Рамиз Мерко и Перо Илиески. Во своето обраѓање Мерко уште еднаш побара од неговиот колега од Вевчани и од организаторите на Вевчанскиот карневал јавно да се извинат, за маските со навредлива содржина за исламот. Тој упати порака да се сочува соживотот во Струга.
Градоначалникот Илиески, пак, го осуди сквернавењето на црквите во соседните села и бојкотот на Здравствениот дом во Вевчани, каде, како што рече, повеќе од 50 години најпрофесионално и најодговорно се пружа грижа за сите граѓани независно од нивната верска и етничка припадност.Тој истакна дека Вевчанскиот карневал не шири навреди, туку го изразува слободаркиот дух преку сатира.
Претседателката на Конисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Валентина Божиновска повика на смирување страстите, а пораки за надминување на негативните состојби упати и народниот правобранител Иџет Мемети.
Настаните во струшко ги осудија и поретставнциите на МПЦ и ИВЗ, како и парламентарните политички партии.