Комитетот за внатрешни работи на ЕП ја поддржа визната либерализација за Западен Балкан
20.10.09 11:18
Kомитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, синоќа го одобри извештајот за визна либерализација за земјите од Западен Балкан, подготвен од словенечката европратеничка Тања Фајон, јави МИА.
Комитетот ги поддржа и амандаманите на Фајон на белата шенген листа покрај Македонија, Србија и Црна Гора, кои ги исполнуваат критериумите, условно да се додадат и Албанија и БиХ, а процес за визна либерализација да почне и за Косово.
Извештајот за визната либерализација на 6 октомври го одобри и Комитетот за надворешна политика на ЕП.
За укинувањето на визите Европарламентот ќе се изјасни на пленарна сесија во ноември, а по очекуваното одобрување од европратениците, конечниот збор за симнувањето на визната бариера за Македонија, за Србија и за Црна Гора, ќе го каже Министерскиот совет на ЕУ во декември.
Визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, според предлогот на Европската комисија, треба да стапи во сила на први јануари 2010 година.
Општина Охрид влегува во нова фаза на реализација на проектот за енергетска ефикасност во основните училишта „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ во Лескајца по усвојувањето на новата одлука на од...
На 28082026 година во 2330 часот во СВР Охрид, приведени се 37 и 35-годишни лица, двајцата од Велес по претходна пријава дека во охридското село Пештани, со други две лица физички нападнале 22-годи...
Тригодишната реализација на Тренинг академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) беше посветена на унапредување на професионалните знаења и вештини, зголемување на безбедноста и јакнење на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.