Двајца припадници на навивачката група „Комити“ на 30, односно 17-годишна возраст вчера физички нападнале редари ангажирани на фудбалскиот натпревар меѓу „Силекс“ и „Вардар“ во Кратово, информираат од МВР.

Инцидентите продолжиле и по завршувањето на натпреварот, кога е оштетено едно патничко возило паркирано во близина на стадионот.

Против напаѓачите на редарите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додека идентитетот на лицата што го оштетиле автомобилот се утврдува, информираат од полицијата.

фото : “Екипа.мк“