Синоќа се одигра финалето на XXI Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2025 година, во кое екипата на АСП ПАК од Охрид загуби од Компанија Атанасовски 2:5.
Првопласирана екипа освои 500 000 денари, а второпласираната 250 000 денари.
За најдобар играч на турнирот прогласен е Димитар Јанев – Компанија Атанасовски, а наградата за најдобар голман ја освои Наум Таулоски – АСП ПАК. За најдобар млад играч прогласен е Андреј Јаневски – Компанија Атанасовски.
Г.М.
Фото: Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“