Англискиот првак Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на Шампиони силите ќе ги одмери со шпанскиот гигант Барселона.
Овој меч ќе биде реприза од минатата година кога во исто време се сретнаа двете екипи, а поуспешни излегоа каталонците.
– Немаме воопшто страв од Барселона. Тимот од Ноу Камп е посебен тим составен од екстра квалитетни фудбалери. Ова ќе биде четврти наш меѓусебен дуел за година дена и нема потреба од загриженост и страв. – рече капитенот на „граѓаните“ Винсент Компани.
Манчестер Сити и Барселона во националните шампионати имаа спротивна најава на дуелот во Лигата на Шампиони. Сити победи против Њукасл 5-0 додека Барса изгуби од Малага 1-0 на Ноу Камп.
– Комплетната екипа на Барселона има способност со еден потег во една секунда да го решат натпреварот. Играчите на Барса имаат магија во своите нозе, но имаат и нашите. Нема да отстапуваме од нашите замисли и веруваме во нашите квалитети. – додаде белгискиот репрезентативец.
Ohridnews