Манчестер Сити ќе добие нов капитен, а тимот на Андерлехт доби играч и тренер, откако Винсент Компани го напушти англискиот шампион и се врати во клубот кој ја започнаа трофејната фудбалска кариера.

Заминувањето од Манчестер Сити во Андерлехт го потврдија англискиот клуб и самиот фудбалер со емотивно обраќање на социјалните мрежи.

  • Ова е најемотивна, но и најрационална одлука која сум ја донел во мојата кариера. Сакам да го споделам моето искуство и знаење со новата виолетова генерација. Имам идеја да го внесам внесам духот на Сити во срцето на Белгија. – стои во дел од соопштението на Компани.

Белгиецот погоди вистински момент за збогување со Манчестер Сити каде помина неверојатни 11 сезони. „Граѓаните“ оваа сезона освоија три титули во англискиот фудбал победувајќи во Премиер лигата, ФА купот и Лига купот.

Во текот на кариерата во Манчестер Сити, Компанија освои четири титули во Премиер лигата, четири во Лига купот и два во ФА купот.

OhridNews