Автомобилската индустрија е двигател на економијата особено во Охридско-струшкиот регион. Во 2024 година 20-те најголеми компании од автомобилската индустрија во државава оствариле приходи од 3,77 милијарди евра. Тие учествуваат со 48,5% во вкупниот извоз на државата или создаваат околу една третина од бруто домашниот производ на земјата. Според анализите на порталот Извоз.мк од Охрид високо котираат две компании.

Костал Македонија продолжува со раст на приходите и профитабилноста. Лани компанијата работела со вкупни приходи 147 милиони евра, со што е петти најголем играч во индустријата.

Уште една компанија од Охрид ЛТХ Леарница влегува во топ 20 наголеми компании за автомобилски делови во Македонија. Компанијата, минатата година, остварила приход од 34,8 милиони евра.

извор: Извоз.мк

Во топ 20 компании е и една компанија од ТИРЗ Струга канадската компанија Магна Мирорс со раст на приходите од 59,9%. Лани компанијата работела со приходи од 150 милиони евра, со што стана четврти најголем играч во оваа индустрија.

Листата ја предводи британската Џонсон Мети, а втор најголем играч е германскиот производител на кабли и кабелски сетови Кроберт и Шуберт од Битола.

Целосната анализа на линкот.

OhridNews

извор. Извоз.мк