Надоврзувајќи се на успешната линија на десктоп компјутерите, сигурни за употреба и едноставни за ракување, компанијата Dell го претстави новиот модел OptiPlex™ 3011 all-in-one десктоп компјутер со тенок 20-инчен екран. Современиот дизајн на компјутерот, кој што е опремен со VESA mounting технологија и опција на безжичен интернет, овозможува максимална заштеда на просторот и извонредно прегледна работна површина. Овој модел претставува идеално решение за работа во административните системи, било да станува збор за компании, училишта или други установи. OptiPlex 3011 се карактеризира со извонредна издржливост и верност, со оглед на тоа дека неговите компоненти се тестирани и изградени така што компјутерот со години може непречено да функционира во различни услови на работа и верно да им служи на своите корисници.
OptiPlex 3011 доаѓа на пазарот со интегрирана web камера, микрофон и слушалки за пренос на гласот преку IP протокол, со цел корисниците да можат меѓусебно да се поврзат и комуницираат, што е особено корисно за работа во канцеларија или интерактивно учење во образовните установи. Со цел да се зголеми продуктивноста и кон корисниците да се прилагоди единствениот стил на работа на компјутерот, OptiPlex 3011 поседува карактеристики како што се поддршката за безжични тастатури, интерни и екстерни USB портови и два додатни USB порта од страна на компјутерот за полесен пристап.
OptiPlex 3011 е лесен за користење, како и за контрола во стандардните in-band менаџмент решенија, како Dell KACE уредот. Овој модел поддржува и софтвер за заштита и кодирање на компанијата Dell, кој овозможува одлична заштита на податоците од уредот на cloud сервисот. Покрај тоа, новиот OptiPlex 3011 поседува Dell Desktop Cloud функција, која е заснована на виртуелната Dell Wyse WSM технологија. Со оваа функција, можностите на OptiPlex 3011 компјутерот можат да се делат на повеќе виртуелни корисници во извонредно безбедно опкружување со централизирано управување и меморија, со ист изглед, перформанси, чувсто и функции како кај традиционалниот компјутер.
Dell OptiPlex десктоп компјутерите се проектирани така да ја почитуваат и водат сметка за заштитата на животната средина, со специјално дизајнирано рециклирано куќиште, како и енергетски ефикасни опции на напојување.