Компјутерскиот томограф во охридската Општа болница кој поради дефект, повеќе од еден месец не функционираше, повторно е ставен во употреба.

Како што информираат од болницата, причина за дефектот беше преоптовареност на апаратот.

Сега се прават напори за обезбедување на потребниот кадар за непречено, тековно вршење на снимања на компјутерскиот томограф, со цел да се задоволат потребите на големиот број пациенти.

OhridNews