Компјутерскиот томограф во охридската Општа болница е во функција, но засега има само еден доктор специјалист кој ги врши прегледите на овој софистициран медицински апарат.
– Проблем е што имаме само еден доктор во Одделението за радиологија. Еден доктор е веќе испратен на специјализација, а очекуваме прием на уште еден специјалист со цел да се обезбеди тековно одвивање на давањето на здравствена заштита на пациентите во текот на 24 часа, вели директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов.
Компјутерски томограф во охридската Општа болница беше добиен како дел од опремата во вредност од 500.000 долари донирана од страна на една од најголемите светски донаторски организации за земјите во транзиција, американската државна Асоцијација ” Ворлд медикал” со седиште во Детроит.
Т.К.