Кај каналот Студенчишта ќе се градат повеќе хотели. Со Деталниот урбанистички план, во првата линија е предвидено да  има два луксузни хотели.


Од локалната самоуправа објаснуваат дека земјиштето предвидено за изградба на овие хотели дел е на Република Македонија, а дел во приватна сопственост.  Интерес за изградба на луксузен хотел со 5 ѕвезди на оваа локација, именуван како „Окото на Охрид“ пред извесно време искажаа градежната фирма „Трудбеник“ и македонски бизнисмен кој работи во САД.

Изградба на сместувачки капацитети , но од пониска категорија се предвидува и во втората линија на просторот кој граничи со спортскиот центар, кој неодамна го купи градежната компанија „Илинден“ од Струга.

OhridNews