Јавната чистота со години е сериозен проблем на манастирскиот комплекс Св. Наум. Ова значајно духовно место во заштитената зона на Националниот парк Галичица, накоро ќе добие јавен тоалет и мини пречистителна станица.
Објектот во кој ќе бидат сместени тоалетите се наоѓа на влезот во комплексот, кој секојдневно го посетуваат стотици туристи.
Со изградбата на јавни тоалети, се решаваат дел од проблемите со хигиената во комплексот, но и натаму останува отворено прашањето со одржувањето на јавните повшини и плажите.
Во иднина се планира и уредување на просторот за продажба на сувенири и унифицирање на продажните места, а во тек е и осовременување на постојните угостителски објекти.