Новиот менаџер на „сините“, Гус Хидинк првите радикални промени на Стемфорд Бриџ ќе ги направи во нападот.
Холандскиот стратег дозвола за заминување им даде на Радамел Фалкао, Диего Коста и Лорик Реми кои сезонава немаат ниту половичен учинок од минатата.
Прво име кое се споменува како засилување е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Џексон Мартинез кој во минатото настапуваше во Порто.
Фалкао по заминувањето од Челси би се вратил во Монако, а Реми ќе го засили тимот на Астон Вила кој грчевито се бори за опстанок.
Ohridnews











