Ракометарите на некогашниот шампион Преспа го комплетираа списокот на учесници на финалниот турнир на 16. Куп на Македонија, каде што се најдоа и фаворитите Вардар про, Металург и Пелистер. Ресенчани го освоија првото место во групата во Струмица.
Бранителот на трофејот Вардар во директниот дуел го декласира Младост од Богданци со 39:20.
Лидерот во Суперлигата, Металург службено го доби дуелот со Климент Охридски, а со победата над прволигашот Тинекс Пролет од 30:26 ја освои групата во „Автокоманда“.
Пелистер, пак, е победник на групата во Кавадарци, каде што во финалето го совлада домаќинот Винарска визба Тиквеш со 29:27.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...
Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за последните два натпревари во групата Б1 од Лигата на нации Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ѝ гостуваат на Шкотска, а п...